Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

За Адора

Само делата се вистина!

Историјат

u0-neu-d2-7f6940557227414a872207fa1ca10daf^pimgpsh_fullsize_distr

На 28-ми август 2002-ра година, големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и Денот на македонските рудари, потврдениот стопанственик проф. д-р Ванчо Чифлиганец  ја основа градежната компанија Адора инженеринг. Компанијата е продолжение на успешната семејна бизнис приказна Адора, од 1992-ра година, со цел да се градат и создаваат вредни дела достојни за почит, водени од мотото Само делата се вистина.

Адора инженеринг е најуспешна компанија и најголем инвеститор во високата градба, во 2015-та година, рангирана меѓу петте најбрзорастечки компании во Македонија. Овој водечки градежен бренд во регионот израсна во синоним за стабилна, квалитетна, еко градба.

За 14 години компанијата изгради 40 елитни станбено-деловни објекти во Македонија со 2.600 домови, во кои живеат над 11.000 граѓани. Почнувајќи со само двајца вработени во 2002-ра година, Адора инженеринг во 2016-та година има 400 вработени и докажан високостручен, едуциран, искусен, професионален тим.

Потврда за успехот на Адора инженеринг се четирите интернационални награди и 20-те национални признанија.

Компанијата, членка на Глобалниот Договор на ООН има богата традиција на општествена одговорност  со бројни донации за граѓаните и помош за заедницата, хумани активности, грижа за вработените и купувачите, поддршка на образованието, спортот и културата, за изградба на похумано, поздраво и посреќно општество.

adora_zgradi

 

Дејност

Согласно европското законодавство, Адора инженеринг е меѓународно сертифицирана компанија од градежниот сектор-високоградба. Специјализирана е и лиценцирана за изведување на градби од втора категорија, со лиценца издадена од министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Во своето работење компанијата ги применува современите европски стандарди и иновации за сигурно, квалитетно, економично и здраво домување.

Нудиме сѐ на едно место:

  • Проектирање
  • Инвестирање
  • Изведба
  • Продажба на станови и деловни простории
  • Енергетска ефикасност
  • Трговија
  • Консалтинг

Мисија

Мисијата на Адора инженеринг е да нуди решенија кои во целост ги задоволуваат потребите на клиентите. Тоа подразбира добивање комплетна услуга, со една посета на компанијата до „клуч на рака“ со целосно почитување на договорените рокови за реализација на проектите и примена на современите светски трендови и нови технологии. Целта е и граѓаните на Македонија да ги уживаат придобивките од квалитетно домување на долг рок.

Визија

Визијата на Адора инженеринг е постојано унапредување на услугите во градежништвото, изградба на пазарот на недвижности и развој на нови бизнис активности. Мотото под кое се развиваше и потврди компанијата како синоним за успешна македонска бизнис приказна е Само делата се вистина!