Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Меѓународни награди

17/05/2016

Адора инженеринг ја доби наградата The BIZZ 2016 за иновативност во стил и квалитетот на домувањето во Монте Карло, Монако од Светската бизнис конфедерација, една од најзначајните награди што им се доделува на водечките компании во развојот на бизнисот на национално и светско ниво.

„Престижната награда The BIZZ 2016 се должи на оригиналната иновативност што во стилот и квалитетот на домувањето, проектантскиот тим на Адора инженеринг во соработка со реномирани дизајнери од европските држави, ја воведе во новите комплекси Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden. Посебен акцент во овие објекти е ставен на креативниот, префинет дизајн на објектите за висок урбан стил на живеење, каде во внатрешното уредување клучно место имаат атриумите со изобилство на природна светлина и свеж воздух, зеленилото со природни елементи од дрво и камен, амбиенталното осветлување и внимателно осмислените заеднички содржини, што на станарите им нудат пријатно и релаксирано чувство на интимност и топлина. Наградата се должи на иновациите во домувањето, каде посебно внимание посветивме  на звучната изоалција до 63 db, 80 % над македонските стандарди, што ја постигнавме со креирање на иновативен повеќеслоен ѕид. Признанието е уште една потврда дека покрај домашната и меѓународната бизнис заедница ги препознава и вреднува заложбите на овој докажан градежен бренд, со примена на иновативни револуционерни решенија да создаде производи според потребите на купувачите, кои за вложените средства добиваат светски квалитет на домување по македонски цени“- вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг кој со менаџментот на Адора инженеринг, на 15-ти мај во Монако ја прими наградата што ја доживува како успех на целиот тим на Адора инженеринг, на деловните партнери, купувачите и на Република Македонија.

Адора инженеринг во 14 годишното постоење како најуспешна градежна компанија во високата градба има добиено четири интернационални и 20 национални признанија, кои во компанијата велат дека се мотив плус да продолжат и натаму со пионерските иноватитни проекти да ги доближуваат придобивките од светските трендови и стандарди во домувањето на македонските граѓани, а со тоа да ја движат напред целата индустрија на високата градба во Македонија.

Menagmentot na Adora inzeneirng ja prima nagradata The Bizz 2016 66255578 18065578

Adora Flatiron Skopje by night koregiran Fasada in vD cam 8 Adora-diamond-garden-exterier-low-Res Adora Diamond Garden -Atrium