Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Награди

30/11/2013

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг ја доби Наградата за индивидуален филантроп за 2013-та година во Македонија од Центарот за институционален развој ЦИРа, што синоќа во Скопје ги додели традиционалните награди за филантропија и општествена одговорност, со кои им се оддава признание и благодарност на поединци и претпријатија за добрите дела за општестевото и се слави хуманоста и човекољубието.

nagrada-2013
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја прими Наградата за индивидуален филантроп за 2013 од Зоран Стојковски од ЦИРа

 

За проф. д-р Ванчо Чифлиганец, наградата за филантроп на годината претставува сатисфакција, вистинска потврда и мотив за неговите долгогодишни ангажирања како поединец и преку градежната компанијата Адора Инженеринг на полето на општествената одговорност, грижата за другите, хуманоста и помагањето на граѓаните и пошироката заедница во Македонија.

filantrop2013-2
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја прими Наградата за индивидуален филантроп за 2013 од Зоран Стојковски од ЦИРа

 

„Филантропијата не е нешто што се учи и таа кај мене потекнува од солидарноста и помошта од страна на општеството, што самиот сум ги почувствувал и благодарение на што сум се образувал и развил професионално и како личност во животот. Поради тоа постојано и посветено, со љубов и позитивна енергија сакам да им помагам на другите и во рамките на моите можности да и возвратам на заедницата. Со долгорочните  општествено одговорни проекти за вложувањата во сите општини каде Адора Инженеринг гради објекти, оставаме вредни и корисни дела, меѓу кои се православниот храм Свети Јован Крстител во општина Аеродром, Скопје и спомен-обележјето за Богојавление-Водици „Фаќач на крст“ во Балканскиот Ерусалим-Охрид, што годинава ги подарив на Македонија и на македонскиот народ. Се гордеам и со грижата за вработените, преку поддршка на нивното повисоко образование и организираната исхрана на градежните работници, на доделените студентски  стипендии, на хуманитарните акции, на помошта за надминување елементарни непогоди, на поддршката на науката, образованието, културата и спортот, на заштитата и озеленувањето на животната средина и особено на грижата за купувачите за кои обезбедуваме докажано сигурно, економично и здраво домување. Мојата и наша корпоративна цел е заедно да изградиме поубаво, поздраво и посреќно место за живеење со попроспериотетна иднина за нас и идните генерации“. – изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец кој по добивањето на наградата за индивидуален филантроп за 2013-та во Македонија, најави формирање на своја фондација.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг со ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент проф. д-р Аце Миленковски и Зоран Стојковски, изв. дир. на ЦИРа
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг со ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент проф. д-р Аце Миленковски и Зоран Стојковски, изв. дир. на ЦИРа

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и градежната компанија Адора Инженеринг досега  имаат добиено 12 национални награди за најдобри општествено одговорни практики и филантропја и три високи европски награди за успешно и квалитетно работење и за социјална одговорност.   

Добитниците на наградите за филантропија и општествена одговорност од ЦИРа за 2013
Добитниците на наградите за филантропија и општествена одговорност од ЦИРа за 2013