Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Меѓународни награди

21/05/2014

„Меѓународната награда за градежништво доделена од Клубот на водечките градежни и трговски лидери во светот, за Адора Инженеринг значи дека градежната компанија и натаму треба да ги унапредува стандардите во работата, во корист на станарите, граѓаните, животната средина и општеството“.- е клучната порака која при примањето на високата интернационална награда од градежната фела во светот ја истакна ген. дир. на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец, што беше поздравено со аплауз од присутните на бизнис форумот  во Мадрид, Шпанија, каде на 150-те учесници од 30 земји во светот најголем впечаток им остави тестирањето со вештачки земјотреси, со што Адора Инженеринг практично и научно ја докажува врвната асеизмичка стабилност на изградените објекти и нивните енергетски карактеристики за заштеда на енергија и заштита на животната средина.

Ген. дир. на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец е пријатно изненаден од фактот дека меѓународната заедница, асоцијациите и водечките бизнис субјекти ја следат и вреднуваат работата на градежната компанија, нејзините иновации и достигнувања во подигнувањето на сигурноста, квалитетот и економичноста во домувањето според светските стандарди. Пред бизнис лидерите од сите континенти, проф. д-р Чифлиганец ја истакна одговорноста и големата обврска што ја имаат компаниите во градежната дејност и високоградбата, за безбеден живот во еко домови со долг век, што е од суштинска важност за судбината на станарите и граѓаните. Успешната 12 годишна градителска приказна на Адора Инженеринг, според ген. дир. проф. д-р Чифлиганец се должи на неговата јасна цел и визија, за што тој упати благодарност и до сите вработени во компанијата, менаџерскиот и стручниот тим и вредните градежни работници- неимари, деловните партнери и соработници, а го истакна и позитивното влијание на поволната бизнис клима во Македонија.

Адора Инженеринг ја прифати поканата за членство во елитниот Клуб на лидерите за глобална трговија со 7500 членови од 95 земји во светот. На форумот во Мадрид најуспешната компанија во високоградбата во Македонија размени искуства и воспостави деловни контакти за соработка со градежни компании од Африка и Азија.

Проф. д-р Чифлиганец со г-дин Рикардо Росо Лопез, ген. секретар на Клубот на глобалните трговски лидери и г-дин Димитар Блажески-претставник на амбасадата на Македонија во Мадрид

Меѓународна награда за градежништво за Адора Инженеринг на светскиот бизнис самит во Мадрид-Шпанија

 

Елитен станбено-деловен објект Под Водно со еко домови во центарот на Скопје