Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Награди

12/07/2012

„Адора Инженеринг“-Скопје ја доби наградата за корпоративна филантропија за средно претпријатие за 2012 година, што Центарот за институционален развој на генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец му ја додели на „Вечерта на благодарноста“ синоќа во хотелот Александар Палас во Скопје. На 6-тата ваква  свеченост, ЦИРа додели 14 награди на бизнис компании, граѓански организации, институции, медиуми и индивидуи, за нивниот придонес кон заживување и развој на вредностите на солидарност, хуманост,, општествена одговорност и добротворство преку практиките на донирање и поддршка на поединци и заедници во невоља.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг со наградените за филантропија и општествена одговорност за 2012 година

 

-Наградата за корпоративна филантропија за „Адора Инженеирнг“ е признание за напорите што со години ги прави градежната компанија во рамките на општествено одговорните практики за поддршка на поединци, локалните заедници и општеството во целина, етничките заедници, луѓето од ранливите категории, со различен социјален статус, болните, децата, студентите, стручната јавност, манифестациите од културата, спортистите, како и донациите во сите општини каде инвестираме, со цел да и возвратиме на заедницата и граѓаните.-. изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на „Адора Инженеринг“, по добивањето на наградата за корпоративна филантропија за 2012 година.

Врачувањето на наградата на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на „Адора Инженринг“

Мотивирани од бројните признанија за сработеното во областа на општествената одговорност, во „Адора Инженеринг“ порачуваат дека во рамките можностите и натаму  ќе продолжат да се грижат за благосостојбата на граѓаните, вработените, купувачите, за подобар живот на сите, за похумано и попросперитетно општество.

Наградата за корпоративна филантропија и општествена одговорност за 2012 година за „Адора Инженеринг“-Скопје