Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Меѓународни награди

28/10/2014

Адора Инженеринг, како единствена компанија од Македонија, денес во Париз, Франција, ја доби престижната Интернационална европска награда за квалитет од Клубот на глобалните бизнис и трговски лидери на свеченост во присуство на 150 бизнисмени од пет континенти во светот. За генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ова меѓународно признание е уште една потврда дека и  светот го препозна и вреднува успешното работење на Адора Инженеринг и бизнис филозофијата на овој градежен бренд насочена кон совршенство во  квалитет на глобално ниво, како суштинска основа за создавање на конкурентни  производи и за освојувањето на странски пазари.  

„Ова високо признание е меѓународна афирмација за компанијата и за Македонија, како и потврда за поволната бизнис клима во државата за развој на успешни бизнис приказни како што е случајот со Адора Инженеринг. За Адора Инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија, ова трето по ред интернационално признание е потврда дека сме на вистинскиот пат во развојот и мотив и натаму да применуваме иновации и најнови светски стандарди и технологии во изградбата на еко домови за висококвалитетно домување на граѓаните на Македонија.“- порача д-р Чифлиганец, кој на бизнис форумот во Париз оствари непосредни деловни контакти со бизнисмени и компании од повеќе земји во светот, кои покажаа голем интерес за соработка со Адора Инженеринг, особено по претставувањето на новата публикација и корпоративниот видео филм за  компанијата на англиски јазик, со што се претстави и Македонија. За успешната изградба на енергетски ефикасните домови А-класа, со докажана геомеханичка и асеизмичка стабилност и европски квалитет, првите честитики за Адора Инженеринг на форумот во Париз пристигнале од грчки бизнисмен, кој изјавил  дека нема граници за бизнис соработка меѓу Грција и Македонија.

Наградата во Париз доделена од Клубот на глобалните бизнис лидери со 7.500  претприемачи од 95 држави во светот е трето високо меѓународно признание за Адора Инженеринг која во мај годинава од овој клуб ја доби интернационалната награда за градежништво во Мадрид, Шпанија, а во 2012-та година ги доби наградите за најуспешна компанија и најуспешен менаџер од Европската Бизнис Асамблеа во Виена, Австрија.