Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Награди

11/12/2014

Адора Инженеринг ја прими дипломата  супербренд за 2013/2014 година на свечената церемонија што во присуство на голем број македонски супербрендови и гости вчера се одржа во Сити Хол, Скопје.

Д-р Драгана Д. Чифлиганец и Зоран Саздовски со признанието Супербренд

Д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на Адора Инженеринг, по примањето на престижното признание од Зоран Саздовски, директор на Супербрендс Македонија, порача дека по 12 годишното успешно работење, овој  градежен супербренд и натаму ќе продолжи со изградба на докажано сигурни, висококвалитетни еко домови, грижејќи се за своите купувачи, клиенти и за  пошироката заедница. Потврда за супербрендовскиот имиџ на Адора Инженеринг се и повеќето купувачи на станови кои се супербрендови, како и повеќето супербренд фирми со кои континуирано соработува компанијата.

Градежниот супербренд Адора Инженеринг меѓу добитници на дипломите супербренд за 2013/2014

За третиот избор на македонските супербрендови, пазарни марки кои ја добија меѓународната титула Супербрендс за 2013/2014-та година, како дел од 1000-те меѓународни брендови распоредени во 27 категории, од почетокот на 2013-та година гласаа стручно жири и 8.000 потрошувачи.

Драгана Д. Чифлиганец, изв. дир. на Адора Инженеринг и македонскиот супербренд музичар Влатко Стефановски

Годинашната свеченост за доделување на признанијата на македонските супербрендови беше збогатена со присуството и настапот на супербрендот и култен македонски гитарист Влатко Стефановски и балканската актерска, режисерска и музичка легенда Раде Шербеџија.

Претставничките на Адора Инженеринг со познатиот балкански уметник Раде Шербеџија на гала свеченоста Супербрендс 2014