Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Станбено деловни објекти

Луксузната резиденција Адора Црниче 2016 се наоѓа на исклучително атрактивна локација, само 3 минути возење од централното подрачје на македонската метропола, во елитната населба Црниче, под зелените падини на Водно, со прекрасен поглед, од каде Скопје се гледа на дланка. Објектот над црквата Света Петка, опкружен со природните убавини на Водно, со сопствена парк шума од 6.500 м² и луксузен покриен базен со рекреативен комплекс, нуди иделани услови за врвно интимно домување на чист воздух, во пријатен амбинет, далеку од градската врева, со лесна достапност на урбаниот сил на живот во Скопје. Објектот на приземје, два ката и поткровје, располага со шест елитни станови, со поглед кон Водно од една страна и прекрасна панорама на Скопје од  друга, со голема тераса од 82 м² на кровот на луксузниот стан-видиковец, во кој се доаѓа директно со лифт. Посебна атракција е модерната иновативна стаклена фасада на резиденцијалниот објект со многу природна светлина и целосен поглед на Скопје од дневниот престој на становите. Објектот кој има модерни подземни и партер паркиралишта, ограден со регулиран влез и безбедносни системи, живописна цветна градина со густ зелен еко појас, нуди одличен спој на урбано и пријатно домување на воздух кој е за 10 ˚C со пониска температура од жешките  летни температури во Скопје, комбинирано со  лесно секојдневно функционирање, одмор, прошетки и рекреација во еден од ретките зелени оази во метрополата.
  • Врвна геомеханичка и сеизмичка стабилност докажана со вештачки земјотрес, за безбедност и спокоен сон на станарите, што Адора инженеринг го практикува како прва и единствена компанија во Македонија.
  • Енергетски ефикасен објект со одлична термичка и звучна изолација, со најнови висококвалитени изолациони материјали од реномирани европски производители.
  • Модерна иновативна стаклена фасада со природна светлина и панорамски поглед кон Скопје.
  • Функционални станови за елитно интимно семејно домување, со современ дизајн, по вкус и мерка на станарите.
  • Модерни подземни и партер паркиралишта.
  • Ограден објект со контролиран влез, современи безбедностни системи и видео надзор.
  • Луксузен покриен базен со можности за рекреација и релаксација.
  • Хортикултурно уредена околина, зелени еко појаси, цветна градина и зелена шума од 6.500 м².

Објектот располага со шест елитни станови.

На приземниот дел има еден стан со површина од 109 м² и дворна тераса од 65 м².

На први и втори кат има по два стана со површина од 68 м² и 95 м².

На последниот кат има простран стан со површина од 163 м², на кој се надоврзува голема тераса-видиковец од 82 м².

Становите се со висок квалитет и комфор, модерен дизајн, врвни услови за интимно семејно домување, во мирна елитна област до централната зона на метрополата, во здрава зелена средина, со прекрасен поглед на Скопје и Водно, лесно достапни до урбаниот живот и прекрасната природа за прошетки, рекреација и релаксација од стресниот живот.