Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Станбено деловни објекти

Прв енергетски ефикасен станбен објект кој ги подигна стандардите за квалитетно домување во Охрид. Елитниот станбен објект е сместен во атрактивниот локалитет Билјанини Извори, во близина на градските плажи.  Со прекрасен панорамски поглед на Охрид, Плаошник, Самоиловата тврдина, Охридското Езеро и црквата Свети Јован Канео, непосредно до Националниот Парк Галичица, спортско рекреативниот центар Билјанини Извори, градскиот базен и езерската марина. Објектот во Охрид ги донесе фотоволтаичните системи за заедничко осветлување и модерните системи за сигнализација на надземните и подземните паркиралишта. Нуди извонредни можности за лесно секојдневно живеење, одмор и рекреација.
  • Асеизмички конструктивен систем, геомеханичка стабилност до 100 Mpa, бонификација на тлото. Темелна плоча 95 cm, вграден бетон МБ: 39-50.
  • Функционално искористен станбен простор со модерен дизајн.
  • Енергетски ефикасен објект. Драстично намалени трошоци за греење и ладење, до 37 ˚C без клима уред.
  • Надворешни фасадни ѕидови-блок тула д=20 cm, термичка демит фасада со 8 cm неопор, графитен 25 kg/m³, коефициент на топлопроводливост Umax<0,4.
  • Фасадна столарија-ПВЦ профили, петкоморни, Reahau-Geneo-Fipro со три дихтунга, трислојно термопан стакло, надворешно К-четиорисезонско.
  • Кровна изолација-покривна плоча од 15 cm, со термичка изолација, хидроизолација и паропропусен-водонепропусен слој.
  • Фотоволтажни системи за заедничко осветлување, штедат енергија, без посебни сметки за струја.
  • Одлична звучна изолација.
  • Влез со просторија за домар, видео надзор, видеофонија. Влезна партија од мермер и гранит.
  • Скалишта со природно светло, електрични лифтови со автоматски лизгачки иноксни врати.
  • Влезни врати во стан-блиндор со сигурносна брава.
  • Паркет подови од полупарена бука, даб, бамбус. Прва класа керамички плочки од Шпанија, санитарии прва класа.
  • Модерни подземни паркиралишта со автоматска гаражна врата, далечинско управување и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Слободни станови за продажба со површина од 53 м², 55 ², 58 м² и 59 м²

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Функционални станови со максимално искористен простор, по мерка на купувачите
  • Преградни сендвич ѕидови со термо блок и тервол, со одлична термичка и акустична изолација
  • Ентериер со одличен квалитет од увоз, модерен дизајн, блиндор врати, опремена бања
  • Влезови и ходници од мермер-гранит, модерни лифтови
  • Современи безбедносни системи, видео надзор