Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Станбено деловни објекти

Рекреативниот комплекс Адора Илинден-Скопје – Дом за живеење „Втора младост“, се гради на атрактивна локација во срцето на општина Илинден-веднаш до главната сообраќајница, во непосредба близина на Град Скопје, со пристап до развиена инфраструктура. Комплексот проектиран на приземје и пет ката, со дел за домување, заеднички простории и простории за лекување и нега, ресторан, кујна, тераси и придружни содржини, е наменет за комфорно сместување и соответна грижа за 150 лица од возрасната популација, со најсовремени услови за удобно живеење, медицински услуги и здравствена заштита, исхрана, рекреација, спорт, забава и релаксација. Комплексот „Втора младост“, осмислен според најсовремените европски стандарди, со ангажман на стручен персонал од 30-тина врвни професионалци, лекари, медицински сестри, негователки, физиотерапевти, социјални работници, психолози, домаќинки, готвачи, угостителски и спортски работници, на највозрасните граѓани ќе им понуди одлични услови за сместување, нега, релаксација, хумано живеење и достоинствено стареење. Лоциран во еколошки чист простор, надвор од стресната урбана средина, на дофат на македонската метропола, комплексот со околината, нуди одлични услови за рекреативни објекти, спортски терени и за развивање на различни бизниси и услужни дејности.
  • Врвна геомеханичка и асеизмичка стабилност од 60 до 80 MPa, докажана со вештачки земјотрес
  • Армирано-бетонски конструктивен систем, цврстина на бетон од 35 до 50 МБ
  • Сертифицирана енергетска ефикасност со повеќекратна заштеда на енергија за греење и ладење
  • Одлична термо и хидро изолација и одлична звучна изолација според највисоките меѓународни стандарди
  • Модерно опремен ентериер и внимателно осмислени содржини за конфорно домување, здравствена заштита, нега, рехабилитација, исхрана, рекреација и релаксација, според најновите светски трендови и современи стандарди
  • Модерни лифтови
  • Уредена околина, хортикултурно оплеменет простор со вештачко езеро
  • Спортски терени за рекреација
  • Достапни различни услужни дејности
  • Современи безбедносни системи и видео надзор
  • Модерни паркиралишта на партер