Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Станбено деловни објекти

Двата објекти се лоцирани во Ново Лисиче, во модерната општина Аеродром, Скопје, во комплексот „Адора“ со девет станбено-деловни објекти и трговски центар со маркетот Рамстор, непосредно до булеварот АСНОМ, во близина на бензинската пумпа Макпетрол. Станбено-деловниот објект на Г.П. 3.13 e на пет ката, со 50 станови со површина од 43 до 62 м², а станбено-деловниот објект на Г.П. 3.16 е на девет ката со 72 станови од 29 до 60 м², деловни простории и модерни паркиралишта. Еко домовите со потврдена асеизмичка стабилност и  енергетски пасош А-класа долгорочно штедат енергија за греење и ладење. Комплексот е до главните сообраќајни артерии на влез и излез на Скопје, од Велес, Куманово, Белград, со пристап до развиена инфраструктура и јавен градски превоз. Во близина има детска градинка, основно училиште, универзитети, познати трговски центри, спортски центри, банки, новиот парк со авион и православниот храм „Св. Јован Крстител“, донација на Адора инженеринг, кејот на реката Вардар и идниот аква парк. Со уредена околина нудат одлични услови за урбано живеење, бизнис, рекреација и релаксација.
  • Геомеханичка стабилност до 105 Mpa и врвна асеизмичка безбедност докажана со вештачки земјотрес
  • Темелна армирано-бетонска плоча до 120 cm, цврстина на бетон до МБ 50
  • А-класа енергетски пасош, драстично намалена потрошувачка на енергија за греење и ладење
  • Фасадни ѕидови – КСиНТИ – термички блок д=16 cm, графитен стиропор 10 cm, акрилен декоративен завршен слој ( коеф. U<0,25 W/(m²·K) со елаборат за енергетски карактеристики на згради), внатрешно малтерисани
  • Фасадна столарија Geneo Fipro, ПВЦ профили – коеф. Uf<1 W/(m²·K), застаклени со трислоен стакло пакет, со нискоемисионо стакло – коеф. Ug<0,8 W/(m²·K)
  • Преградни ѕидови меѓу станови и стан ходник – „сендвич“ ѕидови 25 cm (2X11 cm керамички блок + изолација минерална волна 50 kg/m³), двострано малтерисани
  • Преградни ѕидови 11 cm керамички блок, двострано малтерисани
  • Висока звучна изолација, индекс на звучна пропустливост од 43 db, потврдено со научно испитување на Geing
  • Видео надзор, видеофонија, противпожарен систем
  • Електрични лифтови со иноксни автоматски лизгачки врати, контролиран влез со шифра или картичка
  • Автоматска гаражна врата со далечински управувач
  • Уредена околина, хортикултурно оплеменета, со осмислени содржини

КВАЛИТЕТ 

  • Функционален, максимално искористен станбен простор, по мерка на купувачите
  • Влезни сигурносни стански врати, со заклучување со повеќе точки на заклучување
  • Собни врати медијапан со ПУ боја или ЦПЛ фолија
  • Паркет од масивно дрво – бамбус 120/500/17 мм, фабрички завршно лакиран
  • Плочки од керамика, увозни од Шпанија, прва класа
  • Санитарија порцеланска, батерии еднорачни со сертификат и гаранција
  • Подготовка за клима

Lokali Novo Lisice 3.16Lokali Novo Lisice 961 11