Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Станбено деловни објекти

Елитен, докажано асеизмички стабилен станбено-деловен објект со енергетска ефикасност А-класа, лоциран во срцето на општина Аеродром, до меѓународната железничка и автобуска станица, 10-тина минути пеш од строгиот центар и главниот плоштад во Скопје. Објектот е на улица „Методија Шаторов Шарло“ бр.8,  во близина на булеварите „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски Питу“, здравствената поликлиника „Јане Сандански“, основното училиште „Блаже Коневски“, детските градинки „Калинка“ и „Изворче“, црквата „Св. Илија“, трговски центри, банки и други институции. Деветкатниот објект има 75 функционални станови со површина од 42 до 80 м², луксузни деловни простории и модерни паркиралишта. Изграден во рекордно брз рок од 56 дена, според европските стандарди за квалитетно домување, објектот на станарите им нуди сигурно домување со долгорочна заштеда на енергија и трошоци за греење и ладење. Со уредена и хортикултурно оплеменета средина, стабено-деловниот објект ќе понуди одлични услови за урбано живеење, за бизнис и релаксација.
  • Геомеханичка и асеизмичка стабилност од 80 до 105 MPa, докажана со вештачки земјотрес
  • Темелна армирано-бетонска плоча до 125 cm, цврстина на бетон од 30 до 40 МБ
  • Енергетска ефикасност А-класа, до 6 пати намалена потрошувачка на енергија за греење и ладење
  • Термоизолирана фасада со 12 cm графитен стиропор и 16 cm минерална волна за покриви
  • Ѕидање со керамички блок со специјално дизајнирана тула со ниска топлинска спроводливост
  • Geneo Fipro фасадна столарија, безметални ПВЦ профили и трислојни стаклопакети со нискоемисионо стакло
  • Фотоволтаици на сончева енергија за заедничко осветлување без сметки за струја
  • Висока звучна изолација, индекс на звучна пропустливост над 40 db, потврдено со научно испитување на Градежниот факултет при УКИМ, Скопје и  лиценцирани фирми.
  • Намалено емитување на CO₂ во воздухот
  • Модерни паркиралишта со хоризонтална и вертикална сигнализација и далечински управувач

Слободни за продажба се два станови, еден со површина од 75 м² и еден со површина од 76 м², двата на 9-ти кат.

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Функционални станови со максимално искористен простор, по мерка на купувачите
  • Преградни сендвич ѕидови со термо блок и тервол, со одлична термичка и акустична изолација
  • Ентериер со одличен квалитет од увоз, модерен дизајн, блиндор врати, опремена бања, со можност за избор на плочки
  • Влезови и ходници од мермер-гранит, модерни лифтови со паметни видео-звучни табли
  • Современи безбедносни системи, видео надзор

prizemje-o Park 2