Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Станбено деловни објекти

Модерниот станбен објект „Аеродром Црква 3“ е на ул. „Методија Шаторов Шарло“, на почеток на урбаната општина Аеродром, 10 минути пеш од строгиот центар на Скопје и главниот градски плоштад Македонија. Објектот е на атрактивна локација, во близина на меѓународната железничка и автобуска станица во Скопје, булеварите „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, непосредно до црквата Св.Илија, здравствената поликлиника „Јане Сандански“ , детските градинки „Изворче“ и „Калинка“, основното училиште „Блаже Конески“, универзитети, банки, трговски центри и други значајни институции. Станбениот објект е на десет ката, со два влеза, со станови од 23 m² до 72 m², паркиралишта, со одлични услови за докажано сигурно, висококвалитетно и долгорочно економично домување, според современите трендови и светските стандарди.
  • Геомеханичка и асеизмичка стабилност од 70 до 80 Mpa, докажана со вештачки земјотрес
  • Темелна армирано-бетонска плоча до 120 cm, цврстина на бетон до MB 50
  • Енергетски пасош А-класа, до 5 пати помала потрошувачка на енергија за греење и ладење
  • Термоизолирана фасада со 12 cm графитен неопор и 20 cm минерална волна за покриви, ниска топлинска спроводливост
  • Geneo Fipro фасадна столарија, безметални ПВЦ профили , трислојни стаклопакети со нискоемисионо стакло
  • Фотоволтаични системи за заедничко осветлување без посебни сметки за струја, сензорски штедливи светилки
  • Одлична звучна изолација, индекс на звучна пропустливост до 63 db
  • Модерни паркиралишта со хоризонтална и вертикална сигнализација и далечински управувач
  • Уредена околина, хортикултурно оплеменета

Станови со површина од 23 m², 31, 45, 58, 62, 70 и 72 m².

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Функционални станови, со максимално искористен простор, по мерка на купувачите, со комплетен комфор
  • Преградни ѕидови со термо блок и акустична облога со минерална волна, со одлична термичка и звучна изолација
  • Ентериер со модерен дизајн и одличен квалитет, блиндор врати, опремена бања, можност за избор на подни и ѕидни плочки
  • Влезови и ходници од мермер-гранит, современи лифтови со паметни видео-звучни табли
  • Современи безбедносни системи, видео надзор, домарска служба