Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Станбено деловни објекти

Елитниот еко станбен објект „Аеродром Црква 2“, е на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 21, во срцето на општина Аеродром, 10 минути пеш од главниот плоштад во Скопје, во близина на меѓународната железничка и автобуска станица, булеварите Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу, црквата Свети Илија, поликлиниката Јане Сандански, детските градинки Изворче и Калинка, основното училиште Блаже Коневски, трговски центри и банки. Објектот е на девет ката и поткровје, со 119 станови од 24 до 85 м² и модерни паркиралишта. Објектот е изграден според унифицираната методологија на Адора инженеринг и европските стандарди за квалитетно домување, со потврдена сигурност, од високата А енергетска класа и на станарите долгорочно ќе им штеди енергија и пари за греење и ладење. Со уредена и хортикултурно оплеменета средина, станбениот објект ќе понуди одлични услови урбано живеење и релаксација.
  • Геомеханичка и асеизмичка стабилност од 80 до 105 MPa, докажана со вештачки земјотрес
  • Темелна армирано-бетонска плоча до 125 cm, цврстина на бетон од 30 до 40 МБ
  • Енергетска ефикасност А-класа, до 6 пати намалена потрошувачка на енергија за греење и ладење
  • Термоизолирана фасада со 12 cm графитен стиропор и 16 cm минерална волна за покриви
  • Ѕидање со керамички блок со специјално дизајнирана тула со ниска топлинска спроводливост
  • Geneo Fipro фасадна столарија, безметални ПВЦ профили и трислојни стаклопакети со нискоемисионо стакло
  • Фотоволтаици на сончева енергија за заедничко осветлување без сметки за струја
  • Висока звучна изолација, индекс на звучна пропустливост над 40 db, потврдено со научно испитување на Градежниот факултет при УКИМ, Скопје и  лиценцирани фирми.
  • Намалено емитување на CO₂ во воздухот
  • Модерни паркиралишта со хоризонтална и вертикална сигнализација и далечински управувач

Станови со површина од 24 м² до 85 м².

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Функционални станови со максимално искористен простор, по мерка на купувачите
  • Преградни сендвич ѕидови со термо блок и тервол, со одлична термичка и акустична изолација
  • Ентериер со одличен квалитет од увоз, модерен дизајн, блиндор врати, опремена бања, со можност за избор на плочки
  • Влезови и ходници од мермер-гранит, модерни лифтови со паметни видео-звучни табли
  • Современи безбедносни системи, видео надзор