Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Станбено деловни објекти

Современ деловно-трговски центар во Скопје, во модерната  општина Аеродром-Ново Лисиче. Единствен објект од ваков тип во овој дел на градот, во близина на новата станбена населба „АДОРА“, покрај булеварот „Видое Смилевски Бато“, на аголот меѓу ул. Февруарски поход и булеварот АСНОМ, на главните сообраќајни артерии за влез и излез од Скопје, од и кон Велес, Куманово и Белград, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, кејот на реката Вардар, новиот парк со авион и црквата Св. Јован Крстител, донација на компанијата и идниот Аква парк. Атрактивниот деловно-трговски центар во Аеродром-Ново Лисиче е на површина повеќе од 3000 м2, 26 деловни простории, 18 на приземје, 8 на првиот кат, од флексибилен карактер, со можност за спојување, два влеза, два лифта и сопствен паркинг простор. Погоден е за обавување на сите видови дејности и услуги.
  • Објектот е гради по најновите стандарди за квалитет
  • Централна климатизација со модерни системи за ладење и греење
  • Прилагодлива површина на деловните единици по желба на корисниците
  • Повеќе влезови
  • Два модерни лифтови
  • Бесплатно осветлување на заедничките простории со фотоволтаици на сончева енергија
  • Видео надзор, електронски пристап во објектите