Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Станбено деловни објекти

Елитен станбено-деловен објект, во центарот на Скопје, под падините на Водно. Сместен во срцето на метрополата, овој капитален објект е проектиран за граѓаните кои сакаат урбано-мирен живот. Со прекрасен панорамски поглед на Скопје, Водно и Милениумскиот крст, опкружен со природните убавини на Водно, идеални за прошетки, рекреација и одмор. Во непосредна близина се МВР, градскиот плоштад, централната пешачка зона-улицата „Македонија“, урбан парк и парк на новинарите, Мала станица, Музеј на град Скопје, Старата железничка станица, Основното училиште „Кочо Рацин“, познатите трговски центи Рамстор и Тинекс-Зебра, КАМ маркет и други. Нуди идеални услови за модерно живеење, бизнис и релаксација.
  • Асеизмички конструктивен систем, геомеханичка стабилност до 100 Mpa, бонификација на тлото. Темелна плоча 95 cm, вграден бетон МБ: 39-50.
  • Функционално искористен станбен простор со модерен дизајн.
  • Енергетски ефикасен објект. Драстично намалени трошоци за греење и ладење.
  • Надворешни фасадни ѕидови-блок тула д=20 cm, термичка демит фасада со 8 cm неопор, графитен 25 kg/m³, коефициент на топлопроводливост Umax<0,4.
  • Кровна изолација-покривна плоча од 15 cm, со термичка изолација, хидроизолација и паропропусен, водонепропусен слој.
  • Фасадна столарија-ПВЦ профили, петкоморни, со три дихтунга, трислојно термопан стакло, надворешно К-четиорисезонско.
  • Фотоволтажни системи за заедничко осветлување, штедат енергија, без посебни сметки за струја.
  • Одлична звучна изолација потврдена со научно истражување од Градежниот факултет при УКИМ, Скопје, индекс на звучна пропустливост од 39 db на преграден ѕид.
  • Влез со просторија за домар, видео надзор, видеофонија, штедливи светилки на сензор. Влезна партија од мермер и гранит.
  • Скалишта со природно светло, електрични лифтови со автоматски лизгачки иноксни врати.
  • Влезни врати во стан-блиндор со сигурносна брава.
  • Паркет подови од полупарена бука, даб, бамбус. Прва класа керамички плочки од Шпанија, санитарии прва класа.
  • Модерни подземни паркиралишта со автоматска гаражна врата, далечинско управување и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

 

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Функционални станови со максимално искористен простор, по мерка на купувачите
  • Преградни сендвич ѕидови со термо блок и тервол, со одлична термичка и акустична изолација
  • Ентериер со одличен квалитет од увоз, модерен дизајн, блиндор врати, опремена бања
  • Влезови и ходници од мермер-гранит, модерни лифтови
  • Современи безбедносни системи, видео надзор

prizemje- Pod Vodno