Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Понуда

Како до вистинска одлука за купување дом?

Како до сигурен дом за вас и за идните генерации?

Најзначајно е да изберете компанија со традиција, моќ и сигурност, потврдена на пазарот. Во областа на градежништвото Само делата се вистина. Доколку сакате да знаете како ќе изгледа вашиот дом за неколку години, погледнете како изгледале станбените објекти на компанијата изградени пред три, пет и десет години. Не заборавајте, домот се гради за повеќе генерации. Потребна  ви е команија која ќе биде ваш партнер од доверба, со финасиска моќ да ги  издржи сите економски предизвици на македонската економија. Потребен ви е станбен кредит? Изберете компанија која има соработка со повеќе деловни банки и ги нуди најдобрите кредитни услови. Покрај сигурноста, домот треба да биде со европски квалитет. ВИЕ ГО ЗАСЛУЖУВАТЕ НАЈДОБРОТО!

*Адора инженеринг изгради домови за 1600 среќни семејства*

„Не е паметно да се плати премногу, а уште полошо е да се плати премалку. Кога плаќате премногу, ќе загубите  ДЕЛ, ако платите премалку најчесто ќе загубите СÈ.“

~ (Џон Рускин , англиски економист )

Стравувате ли од земјотреси?

Сигурниот дом се гради на стабилни темели и цврста геомеханичка основа, за што најголема гаранција е дебалата темелна плоча проектирана по јапонски рецепт. Асеизмичката стабилност практично и научно се докажува со тест – вештачки земјотрес, преку симулиран потрес од 5.5. степени по Европската макросеизмичка скала, од страна на светски реномираниот Институт за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС. Доколку вештачкиот потрес не предизвика никакви оштетувања на објектите, тоа е  потврда за стабилноста на изградените домови. Овој метод го практикуваат само  храбрите и сигурните во цврстината и квалитетот на своите градби.

*Адора инженеринг е единствена компанија во Македонија која симулира вештачки земјотрес*

„Сигурноста на животот нема цена“

~ ( народна поговорка )

 Како да изберете дом за квалитетно и среќно живеење?

Квалитетниот дом е изграден од сертифицирани и современи материјали, со примена на европските стандарди, модерни технологии,  иновации и трендови за квалитетно домување. Барајте: податоци за геомеханичката стабилност, темелната армирано-бетонска плоча, вграденото железо и бетон и цврстина-МБ, енергетски пасош, термолизолирана фасада, вид на фасадна столарија, коефициент на топлопроводливост, звучна изолација. Изберете функционален дом, со искористен простор по ваша мерка.

*Вистинскиот траен квалитет на домот не се гледа со човечко око*

„Домот е таму кај што се чувствувате безбедни и свои“

~ ( мудра мисла )

Како од истата плата, да ви останат повеќе пари?

Најчесто прашање во семејството е како со пониски сметки, домот да биде потопол во зима и посвеж во лето, пријатен за живеење. Одговорот е со добра надворешна и внатрешна изолација, квалитетна фасадна столарија и прозорци од реномирана команија и енергетски пасош А-класа, кој го гарантира тоа. Овој сертификат ги потврдува одличните енергетски карактеристики на домот и ви гарантира повеќекратна заштеда на енергија за греење и ладење, преку драстично намалена потрошувачка на струја во споредба со порано.

*Адора инженеринг ги изгради првите домови со енергетски пасош А-класа во Македонија*

„Сиромавиот секогаш два пати плаќа“

~ ( народна мудрост )

Како  да си го олеснете секојдневното живеење?

Домот треба да се гради на убава локација, во урбанизиран и уреден  простор, со изградена инфраструктура, поврзан со сообраќајници, со лесна достапност на јавен превоз, детски градинки, училишта, факултети, здравствени установи, институции, банки, трговски центри и услови кои овозможуваат лесно функционирање, живеење, школување, работење, рекреација и релаксација. Човекот не може да функцонира сам за себе само во својот дом, тој е дел од заедницата и општественото живеење.

*Функционален дом се гради на внимателно избрани, атрактивни локации*

„Градиме домови за иднината“

 Како до дом за здрав и оплеменет живот?

Домот е внатре во станот, но и надвор од него. Со еко дом кој не ја загадува околината, се грижите за сопственото здравје и ја чувате животната средина на планетата Земја, како единствен дом за нас и идните генерации. Современото домување ги користи обновливите извори на енергија, не зависи од електричната енергија и од јавното светло. Зелените појаси околу домот се еко штит од загадувањето и бучавоста, а и нудат убав поглед..

*Адора инженеринг е прва компанија со фотоволтаици на сончева енергија во Македонија*

„Куќата не е дом ако нема топлина за душата“

Како до подобро општество?

Со купување стан во општествено одговорна компанија и вие давате ваш  придонес за градење на подобро општество. Успешните економски субјекти со развиена општествена свест, преку проекти од корист на граѓаните и средината каде што  делуваат, со хуманост, солидарност, донации, помагање и поддршка, плодовите од успехот ги делат со заедницата. Така компанијата и купувачите, општеството го прават поубаво место за живеење за сите.

*Вложуваме во општините, за доброто на граѓаните*

 „Заедно до подобро општество“

Адора инженеринг е градежна компанија основана во 2002 година, која за 13 години израсна во лидер во високоградбата во Македонија. Во 2014-та година ја доби меѓународната европска награда за квалитет во Париз. Компанијата е синоним за докажано безбедна, квалитетна и долгорочно економична градба. Мотото Само делата се вистина го потврди со 30 изградени станбено-деловни објекти и 1.600 станови во Македонија. Нуди сѐ на едно место, од проектирање, инвестирање, изведување и продажба на недвижности, по принципот клуч на рака, а во соработка со банкарскиот сектор на купувачите им овозможува и најповолно станбено кредитирање. Адора инженеринг е првата и единствената компанија која асеизмичката стабилност ја докажува со вештачки земјотрес и прва компанија што доби енергетски пасош А-класа во Македонија. Со богата традиција на општествено одговорна компанија се грижи за заедницата. Има добиено голем број меѓународни и национални награди.

Дом за вас и вашите поколенија…

„Изградбата на домови е висок морален и одговорен чин“.
проф. д-р Ванчо Чифлиганец

 Овој прирачник е наменет за луѓето кои се пред животната одлука за купување нов дом и ги бараат одговорите на многу прашања за да го изберат најдоброто.