Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Понуда

За своите купувачи, Адора инженеринг постојано има интересни и вредни награди, со што компанијата сака да им возврати со внимание за довербата и лојалноста. Компанијата ги изненадува купувачите со разновидни промотивни кампањи, со кои тие добиваат гратис комплетно опремување на купениот стан, награда автомобил, патувања низ атрактивни светски дестинации.

Секој има своја шанса, искористете ја. Купете нов дом, освојте награда….



АКТУЕЛНА ПРОМОЦИЈА!

КАМПАЊА ДОМ ПОЛН СО ЛЕТНИ ИЗНЕНАДУВАЊА

НОВ ДОМ ПОЛН СО ЛЕТНИ ИЗНЕНАДУВАЊА е мотото на новата кампања за купувачите на Адора инженеринг. Летото е одличен период за избор на нов дом и за почеток на нов живот исполнет со нов квалитет и нови предизвици. Доколку размислувате за купување нов дом во кој нема да се грижите за летните жештини и нема да имате потреба од клима уред до 37 ˚C надворешна температура, Ве покануваме да не посетите во компанијата. Ние ќе Ве информираме детално за долгорочните придобивки и семејни заштеди од иновациите во домувањето, а Вие со новиот дом ќе добиете интересно летно изненадување што ќе Ви внесе нови убави моменти во животот, ќе Ви го разубави и освежи домот и ќе Ви донесе семејна среќа.

Градежниот бренд Адора инженеринг кој ова лето ја слави својата 15 годишнина е познат по тоа што на своите купувачи секогаш им нуди повеќе од дом кога ја носат  најважната одлука и ја прават највредната, трајна инвестиција во купувањето на недвижност. Моментот на избор на нов дом треба да го запомните по нова вредност во животот, за што секогаш се грижи Адора инженеринг.

adora-za-vo-text

МАЗДА CX 3 ЗА НАЈСРЕЌНИОТ КУПУВАЧ НА СТАН ВО АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

MAZDA_CX3_3-4_Front_CMYK

Секој купувач на стан во новиот уникатен комплекс АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ се стекнува со шанса со новиот дом да стане добитник на вреден подарок НАЈНОВ МОДЕЛ НА АВТОМОБИЛ МАЗДА CX 3. Извлекувањето на НАЈСРЕЌНИОТ КУПУВАЧ кој ќе добие МАЗДА CX 3 ќе биде на свеченото пуштање во употреба на новиот урбан симбол на Скопје, Македонија и Балканот, објектот Адора Flatiron Скопје. Со овој вреден подарок купувачите на стан од потврдениот градежен бренд Адора инженеринг, добиваат многу повеќе од дом, со што продолжува традиционалната грижа и посебното внимание што компанијата им го посветува на своите верни купувачи, на кои со подароците автомобили, опремување на домот, наградни патувања и други изненадувања, им возвраќаме за лојалноста и подарената доверба при изборот на нов дом.

ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА-СО СЕКОЈ КУПЕН СТАН ВО АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ-ПОДАРОК ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМОТ

За прв пат во Македонија, ексклузивно, за новиот атрактивен комплекс АДОРА  FLATIRON СКОПЈЕ, АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ во соработка со ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ, за секој купен стан, обезбедија ПОДАРОК ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМОТ И ДОМАЌИНСТВОТО во рок од една година.  Со осигурувањето, што обезбедува надомест на трошоците од евентуални штети во домот и домаќинството, целта е станарите да бидат спокојни и безбедни во новиот дом во уникатниот објект Адора Flatiron Скопје, како една од највредните инвестиции во животот.

Осигурени ризици:

  • Пожар
  • Поплава од пукнати цевки
  • Удар од гром и град
  • Експлозија
  • Комбинирано и сигурување на домаќинството
  • Трошоци за нужно сместување
  • Одговорност кон трети лица
  • Кражби
  • Други основни ризици

Adora Flatiron Skopje

 

 

Архива