Сакам да купам СТАН
100% Македонска
Градба
Енергетска
Ефикасност
Звучна Изолација
до 63db
Докажана асеизмичка стабилност
  • Дијамантската градина на Адора
  • Локација: ул. „Московска“,
    Тафталиџе, Општина Карпош, Скопје
  • Станови: од 30 до 200 м²
  • Деловни простории: од 50 до 1100 м²
  • Сопствени паркиралишта
  • ЛИСТ ЗА ПРЕДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГРАДБА број 81933
  • КО. КАРПОШ
Атрактивен станбено-деловен објект со квалитетни модерни станови од 30 м², 50, 70, 85, 90, 110 и 200 м², со екстериер инспириран од зелениот дијамант, прекриен со многу стаклени површини и дијамантски структурни црти. Објектот е на десет ката, со два влеза, четири супер брзи лифтови и распоред на седум станови на еден кат. Уникатност на објектот се двата атриуми-отворени средишни простори со стаклен кров, како извор на природна светлина и свеж воздух во целиот комплекс. Во внатрешноста, долж целата висина, објектот е збогатен со зелени градини, кои на комплексот му даваат изглед, а на станарите чувство дека домуваат во вистинска зелена градина. Централниот дел е осмислен како заеднички оплеменет простор за заедничко дружење на станарите. На приземниот дел во објектот има ексклузивни деловни простории од 50 м² до 1.100 м², со можност за спојување, голема катна висина, впечатливи излози и директен пристап од главната улица. Објектот располага со сопствени подземни и паркиралишта на партер.
Со објектот Адора Diamond Garden Адора инженеринг го воведува брзорастечкиот светски тренд на зеленото домување во Македонија!

Ентериер

Во внатрешноста на зградата на десет ката има 136 станови, распоредени по седум станови на кат, што овозможува интимност и приватност во живеењето на станарите, со услови за хумано домување во урбаната градска зона на Скопје. На приземниот дел има 13 ексклузивни деловни простории со можности за развивање разновидни бизнис и услужни дејности. Ентериерот се темели на два засебни отворени средишни простори со стаклен покрив, таканаречени атриуми, централно јадро каде се изведени вертикалните комуникации на објектот, кои претставуваат извор на изобилство на природна светлина и природна вентилација со циркулација на свеж воздух во целиот комплекс. Централниот внатрешен атриумски дел е заштитен од атмосферските влијанија со стаклена лантерна. Посебна атракција и ексклузивност се внатрешните зелени градини кои се простираат долж целата висина на објектот со декорација од дрво. Во централниот дел на ентериерниот концепт има посебно осмислена заедничка просторија, со изобилство на детали, оплеменета со многу зеленило и одлични услови за пријатно заедничко дружење на станарите. Објектот има два влеза, четири екстра брзи модерни лифтови и застаклени скалишта. Со уникатниот ентериерен концепт, објектот Адора Diamond Garden, сместен на атрактивна локација во фрекфентна урбана зона во македонската метропола, им нуди чувство на граѓаните како да живеат во дијамантска градина, со многу природна светлина и зелен амбиент, што на станарите и посетителите на објектот им нуди домување и престој во сопствен зелен рај во Скопје.

Квалитет

100% Македонска градба со европски квалитет

  • Врвна геомеханичка и асеизмичка стабилност од 80 до 105 MPa, докажана со вештачки земјотрес
  • Армирано-бетонски конструктивен систем, цврстина на бетон од 35 до 50 МБ
  • Сертифицирана енергетска ефикасност
  • До 6 пати намалена потрошувачка на електрична енергија, пониски трошоци за греење и ладење
  • Термоизолирана фасада, 12 cm графитен стиропор, 20 cm минерална волна за покриви и одлична хидроизолација
  • Ѕидање фасадни ѕидови со керамички термо блок со ниска топлопроводливост
  • Преградни сендвич ѕидови меѓу станови и комуникации со одлична термичка и звучна изолација со индекс на звучна пропустливос до 63 db
  • Geneo Fipro фасадна столарија, безметални ПВЦ профили, трислојни стаклопакети со нискоемисионо стакло
  • Фотоволтаици за производство на електрична од сончева енергија, за осветлување на заеднички делови на објектот, без сметки за струја
  • Намалена емисија на CO2 во воздухот
  • Уредена околина, хортикултурно оплеменет објект
  • Модерен ентериер, подови од паркет и плочки од увоз, блиндор врати, опремена бања
  • Влезови и ходници од мермер-гранит, природна светлина во ходниците и скалишниот простор
  • Модерни брзи лифтови со паметни видео-звучни табли
  • Современи безбедносни системи, видео надзор
  • Модерни паркиралишта со далечинско управување на влезот

Локација

Адора Diamond Garden е на атрактивна локација на ул. Московска, во населбата Тафталиџе, општина Карпош, Скопје. Станбено-деловниот комплекс е во близина на СП маркет и пазарот Тафталиџе, Основното училиште Братство, интернационалните училишта НОВА и Јахја Кемал, Студенсткиот дом Гоце Делчев, спортски центар, угостителски објекти, трговскиот центар Сити мол, со поглед и свеж воздух од падините на Водно, на дофат на развиена инфраструктура и главните сообраќајни артерии во Скопје. Локацијата на објектот нуди одлични услови за урбано, квалитетно и зелено домување со лесно функционирање на станарите и за развивање на успешни бизнис приказни во градското подрачје на Скопје.

станови

Елитни станови со површина од 30 м², 50, 70, 85, 90, 110 и 200 м² во два влеза. Комфорни премиум станови на аголните делови со дневен престој целосно во стакло со изобилство на природна дневна светлина и прекрасни визури кон надворешниот амбиент. Пристапните ходници на становите се галериски поставени, од една страна и овозможуваат поглед кон внатрешните зелени градини во комплексот. Четири супер модерни лифтови, застаклени скалишта. Домарска служба, видео надзор и современи безбедносни системи. Објектот располага со сопствени модерни паркиралишта.

Со клик избери стан и види детална шема

деловен
простор

Ексклузивни деловни простории со површина од 50 м² до 1.100 м² со можност за спојување. Посебна предност е катната висина од пет метри со можност за обезбедување на дополнителен простор за галерија. Високи впечатливи излози со директен пристап од улицата. Подземни паркиралишта и паркиралишта на партер.

Паркиралишта

Комплексот располага со голем број современи подземни паркиралишта со влез со подвижни врати, хоризонтална и вертикална сигнализација и далечински механизам на управување и паркинг места на партер.

Каталог за објектот

Превземете го каталогот за овој објект и запознајте се со становите и деловните простории што ги нуди.

Во објектот има
слободни станови.