Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

24/06/2017

lll-copyЗдружението за безбедност при работа „28-ми АПРИЛ“ – Скопје на градежната компанија Адора инженеринг и додели Плакета за посебен придонес во полето на безбедност при работа. Плакетите, Здружението ги додели по повод петгодишнината од неговото основање, а добитници се повеќе институции и фирми, меѓу кои и Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за техничка инспекција, Машинскиот  факултет Скопје, Македонското здружение за заштита при работа, Советот за безбедност и здравје при работа и повеќе компании.

По повод пет години постоење, Здружението организираше обука за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа. На обуката се дискутираше и анализираше актуелната состојба со безбедност и здравје при работа во Македонија, можностите за унапредување на системите за безбедност и здравје при работа, улогата  на  установата  по  медицина  на  труд  во  системите на безбедност при работа и примарните задачи согласно актуелната законска регулатива.

nagrada-zdruz-za-bez-pri-rabota-copy