Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

04/07/2017

Менаџментот на Адора инженеринг постојано ги следи случувањата со земјотресите во Охрид и како инвеститор на објектот Билјанини Извори, ги повикува станарите да бидат смирени, спокојни и сигурни за  безбедноста на нивните домови.  Компанијата уверува дека место за грижа и паника нема зошто објектот Билјанини Извори е изграден според највисоките стандарди за статика, безбедност, цврстина и сеизмичката стабилност. Серијата земјотреси во Охрид не предизвикаа никакви оштетувања на конструктивниот градежен систем на објектот, освен малите оштетувања на внатрешниот глет малтер, што е  вообичаена последица од ваквите потреси и не ја доведува во опасност безбедноста на станарите.

Објектот Билјанини Извори е со највисок квалитет и врвна сеизмичка стабилност, изграден на бонифицирано тло ( 280 см ) со мерни показатели од 85 до 100 Мра, темелна плоча со дебелина од 95 см и поголема цврстина на бетонот од проектираната, што го прави исклучително стабилен и издржлив и при поголеми потреси. Адора инженеринг постојано работи на подигување на стандардите во високоградбата и квалитетното домување во Македонија, при што за компанијата највисок приоритет е изгардбата на стабилни градби и безбедни домови, како  клучни фактори за граѓаните при носењето одлука за купување нов дом. Земјотресите не можат да се предвидат, но затоа може со безбедна и квалитетна градба да им се гарантира поголема сигурност и смиреност на граѓаните.

Зградите на Адора инженеринг се редовно контролирани од Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Овој градежен бренд кој одбележува 15 години постоење, во соработка со ИЗИИС, прв во Македонија организира тест со вештачки земјотрес, што стана традиција за научно и практично докажување на врвната сеизмичка стабилност на станбените објекти на Адора инженеринг.

ohrid-izvadena-stranica

2biljanini-izvori-ohrid