Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

10/07/2017

Објектот Адора Diamond Garden доби убава фасада со врвен квалитет и хармонична комбинација на пријатни, светли бои, на западната  страна, кон улицата Московска, во скопски Карпош-Тафталиџе. Откако е отстрането заштитното скеле, минувачите и посетителите можат да ја видат фасадата на предната страна на овој најнов станбено-деловен објект што го гради Адора инженеринг. Фасадата е со врвен квалитет и одлична термоизолација со 12 cm графитен стиропор, што на станарите ќе им овозможи долгорочно штедливо домување во објект со енергетска А-класа. Наскоро ќе биде довршена фасадата и на другите страни од Адора Diamond Garden, објект кој го носи светскиот тренд на зеленото домување во Македонија, со изобилство природна светлина и свеж воздух од двата централни атриуми, кои ќе бидат оплеменети со внатрешни зелени градини. Дијаманската градина на Адора нуди еко домови со површина од 30 до 110 м² и ексклузивни деловни простории со површина од 50 до 1.100 м². Овој најнов објект на потврдениот градежен бренд Адора инженеринг, кој годинава слави 15 години постоење, се гради на атрактивна локација на ул. Московска, во Скопски Карпош-Тафталиџе, до Студентскиот дом Гоце Делчев, во близина на објекти и институции кои на станарите ќе им овозможат лесно секојдневно функционирање и пријатно урбано домување во Скопје.

 

1 2 3 4 mapa-diamond-garden