Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

20/04/2017

Среќните купувачи Марија и Живко Гоцеви од Радовиш, денеска го добија  дијамантскиот прстен, награда од Адора инженеринг за купен стан на Саемот на недвижности RealExpo 2017. Вредната дијамантска награда што им падна во саемската наградна игра „Пресели се за мене“, за Гоцеви претставува вистинско изненадување што им го донесе новиот стан во објектот Адора Flatiron Скопје од градежниот бренд, кому ова семејство по втор пат му ја подари својата доверба. Веста дека тие од сите купувачи на саемот, се добитници на дијамантскиот прстен, Марија ја добила на денот на нејзиниот роденден, што како прва награда во животот, ја направила многу среќна. Генералниот директор на Адора инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец посакувајќи им на добитниците бериќет од убавини во новиот дом, порача дека среќата сакала токму неговите долгогодишни пријатели од родниот Радовиш, по случаен избор да бидат извлечени во наградната игра, што е само една од многуте кои Адора инженеринг постојано ги организира за своите верни купувачи. До крајот на април сите купувачи на стан од Адора инженеринг добиваат вредносен ваучер за опремување на новиот дом, а најсреќниот купувач во Адора Flatiron ќе го добие автомобилот Мазда CX-3 на крајот на 2017-та, година во која компанијата го одбележува својот 15 годишниот јубилеј.img_20170420_132624 img_20170420_132906 img_20170420_133530 img_20170420_133653