Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

10/03/2017

Живко Гоцев, купувач на стан во Адора Flatiron Скопје е добитник на дијамантскиот прстен, извлечен во наградната игра Пресели се за мене, што се одржа денес во просториите на Адора инженеринг. Со исполнување на пропишаните услови, во присуство на членовите на комисијата, Гоцев беше извлечен како најсреќен учесник во наградната игра во која учествуваа 14 купувачи на станови и деловни простории во промотивниот период од 25-ти февруари до 8-ми март, меѓу кои беа и купувачите на саемот на недвижности RealExpo 2017.

По дознавањето на убавата вест, Живко Гоцев ни изјави дека е пресреќен со оваа прва награда во животот и дека веќе знае кому ќе го подари освоениот дијамантски прстен. Менаџментот и тимот на Адора инженеринг му честита на Гоцев и го очекува да ја подигне наградата, посакувајќи му среќно и бериќетно домување во новиот стан со семејството. Градежниот бренд Адора инженеринг продолжува со наградите и изненадувањата за купувачите, кои од оваа компанија секогаш добиваат повеќе од дом. По патувањата во Дубаи, Венеција и други атрактивни дестинации, комплетното опремување на новиот дом и универзитетско образование, сите купувачи на стан и деловен простор во Адора Flatiron Скопје ќе учествуваат во наградната игра во која најсреќниот ќе добие автомобил MAZDA CX-3 на извлекувањето годинава на отворањето на овој атрактивен комплекс.

20170310_121821

20170310_121912 20170310_121256