Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

10/10/2017

obrabotena-direktorМакедонската академија на науките и уметностите по повод 50- годишнината од основањето му додели благодарница на проф. д-р. Ванчо Чифлиганец и на компанијата Адора инженеринг, за плодната соработка. На свеченоста што се одржа во МАНУ, а на која свои обраќања имаа претседатели и високи претставници на академиите на науките од регионот и Европа, благодарници им беа доделени на значајни личности, институции и компании од Македонија,  за  успешната соработка со највисоката научна институција.

Големиот јубилеј беше одбележан и со свечена академија во Македонската опера и балет, на која претседателот на МАНУ, Таки Фити, порача дека развојната траекторија на највисоката научна институција во Република  Македонија потврдува дека уште од првите декади на формирањето, Академијата е темелник на македонската наука, јазик, култура, историја и стожер на симболите на државноста. МАНУ е основана на 23-ти февруари 1967-ма година, а нејзин прв претседател беше Блаже Конески. Првата конститутивна седница била оджана на 9-ти октомври 1967-ма година.

Градежната компанија Адора инженеринг, на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Таки Фити, на академиците и на членовите, им го честита златниот јубилеј. Тој е вистински повод да им се оддаде благодарност, признание и почит на сите научни авторитети кои дале придонес и оставиле свој печат во конституирањето, развојот и афирмацијата на македонската наука и да посакаме највисоката научна институција да биде носител на економски раст и сеопшт напредок, на изградба на здраво општество и попросперитетна држава, со која ќе се гордееме сите.

obrabotena-blagodarnica

svecenost-vo-manu

svecenost-manu-2

svecena-akademija