Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

17/10/2017

img_20171017_143717  На „Самит 100“, во Скопје бизнис елитата од регионот дебатираа за отворање на нови можности за соработка, дигитализација на компаниите, развој на енергетиката, инфраструктурата, образовниот систем. Менаџерскиот тим на Адора инженеринг, проф.д-р Ванчо Чифлиганец и Душко Чифлиганец активно учествуваа во разговорите со бизнисмените од регионот, со особен интерес за новите технолошки достигнувања, за проектот „Едисон“ за електрификација на автопатиштата во регионот, со што Македонија ќе биде дел од зелениот коридор на Балканот, чија траса од 1.400 километри ќе поминува низ Љубљана – Загреб – Белград – Скопје – Приштина – Тирана.

На „Самит 100“ во Скопје бизнисмените имаа можност директно да им упатат неколку пораки на четворицата премиери од регионот, дека само со поголема комуникација и отвореност за соработка може да одиме напред кон Европа. На премиерите на Македонија, Зоран Заев, на Црна Гора, Душко Марковиќ, на Албанија, Еди Рама и на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, бизнис заедницата им порача дека треба да соработуваат и да ги надминуваат бариерите, да ги променат тарифниците, со конкретни мерки да се намалат часовите на чекање на граничните премини, да се посветат на развој на инфраструктурата, со цел побрз проток на луѓе и стоки. И бизнисмените и политичарите, кои два дена разговараа во Скопје, сметаат дека овој регион има голем потенцијал, кој треба да се искористи.

samit-100

img-bafa485d1e352d70c0167ed3b9c7b908-v

img-c56bc6c2b80f28738a7754207c62bef7-v

img-f664023022d75dda491d1d082adfdc4a-v