Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

16/10/2017

img_3265 На Самитот 100 што денес и утре се одржува во Скопје, со бизнис елитата од Македонија, регионот и Европа, топ менаџментот на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Душко Чифлиганец зедоа активно учество во дебатата и на средби со учесниците.

Главна тема на самитот е поврзувањето, за што беше порачано дека пред сѐ е неопходна изградба на добра инфраструктура меѓу соседните земји, особено кога сеуште меѓу два главни градови во регионот се патува по пет или 12 часa, или нема авио линија. Откако ќе се подобри инфраструктурата, може да одиме на понапредна лекција и да зборуваме за електромобилите, истакна во панел дискусијата вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Во дебатата посветена на Е-мобилите како дел од Е- начинот на размислување, учествуваше генералниот директор на Адора инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец кој се интересираше кои мерки ќе ги преземе владата за да го олесни влезот на Е-мобилите на македонскиот пазар, што би имало позитивни ефекти за раст и развој на економијата од една страна и би се намалило загадувањето на воздухот од друга страна, што е светски тренд. Вицепремиерот Анѓушев најави воведување низа стимулативни мерки како што се даночните  ослободувања и изградба и осовременување на инфраструктурата, како главни предуслови со што би се овозможил влез на новите технологии кои носат економски придобивки и развој.

img_3253

Самитот 100 во Скопје, на кој учествуваат 150 бизнис лидери од Југоисточна Европа, министри од регионот и претставници од Европската Комисија, продолжува утре со премиерски панел на кој ќе присуствуваат премиери од Македонија, Црна Гора, БИХ и Албанија.

img_3232

img_3195