Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

11/04/2017

Интензивно напредува изградбата на новиот дом што Адора инженеринг и фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец го подигнуваат како донација за семејството Трајкови во радовишкото село Дедино, на местото каде во декември минатата година во пепел се претвори семејната куќа што изгоре целосно во пожар.

„Новата куќа на Трајкови ја градиме со највисоко ниво на цврстина, сеизмичка стабилност и квалитет и таа ќе биде првиот станбен објект со високата А енергетска класа во општините Конче и Радовиш. Сакаме по несреќата со пожарот, ова семејство да има сигурен и квалитетен дом, каде во спокој и без грижа ќе ги поминат пензионерските години од животот“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, при неодамнешната посета на Дедино кој очекува новата куќа да биде готова во летниот период и да им биде предадена на Ивана и Јован Трајкови.

image-0-02-05-9d10bb78dde60dfd0faee2956768e2efcd0c5239d9ddbb5a78611592440678ed-Vimage-0-02-05-134aa478b9307d7c1e121c3b44c5e82b504d0614ba6223fe7c71ea367e66f11e-Vimage-0-02-05-11fac5de9493f5bcd4976e95d878f51f17a1641c0801bc0043350b22ae7a9a6d-Vizbrana