Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Новости

07/05/2018

Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец го поддржаа првиот Скопски спортски фестивал, преку покровителската поддршка на светскиот првак во кик бокс Димитар Ѓорѓиев и новиот кик бокс клуб Работнички-Адора, што го презентираа кик боксот на ова манифестација.
Спортскиот амбасадор, неколкукратниот светски шампион Димитар Ѓорѓиев и спортистите од кик бокс клубот Работнички-Адора, минатиот викенд во Градскиот парк во Скопје, го претставија кик боксот пред младите генерации, во рамките на претставувањето на 20-тина спортови на Скопскиот спортски фестивал. Повеќе стотици ученици од основните училишта во Скопје, имаа можност да се запознаат одблизу со кик боксот, да научат од талентот и искуството и да повежбаат со успешните спортисти, кои низ игра и со насмевка ги воведуваа децата во спортските вештини.
Адора инженеринг контонуирано го поддржува спортот и спортистите во Македонија, во негувањето и развивањето на спортската култура, како рецепт за примена на концептот „Здраво тело во здрав дух“, за здрав живот и здрава иднина на младите генерации. Целта на Адора е во рамките на традиционалната општествената одговорност на компанијата и грижата за пошироката заедница, да даде придонес за изградба на поздраво, подобро и посреќно општество со еднакви можности за сите граѓани.
Погледнете го видеото од настанот со клик на линкот: