Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

14/07/2017

Адора инженеринг по повод 15 годишниот јубилеен роденден на компанијата, со желба да им возврати за довербата на своите купувачи, најсреќните ќе ги носи на незаборавен одмор на Куба, една од најпопуларните туристички дестинации во светот.

Сите купувачи на стан или деловен простор во објектите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden кои од 14-ти јули до крајот на септември ќе склучат преддоговор за купопродажба и ќе уплатат 30 % од вкупната цена на недвижниот имот, стекнуваат право на учество во наградната игра „Адора Ве носи на егзотичен одмор на Куба“.

Најсреќниот купувач кој ќе биде извлечен по случаен избор на 30-ти септември, ќе го добие наградното патување на Куба за двајца, што ќе се реализира од 1-ви до 13-ти ноември годинава, со авио превоз од Скопје, хотелско сместување во ексклузивниот туристички центар Варадеро, со полна пансионска услуга и можност за интересни екскурзии. Целта на градежниот бренд познат по бројните изненадувања за купувачите е среќата од новиот дом да им ја збогати со одмор на најпопуларниот Карипски остров. Куба е позната по долгите бели песочни плажи, тиркизното море, рајските острови привлечни за нуркање, бурната историја, домот на славниот Хемингвеј, темпераментната салса, ведрите домаќини, вкусните коктели и олдајмерите. Најсреќните купувачи во Адора ова лето, 2017-та ќе ја помнат по новиот квалитетен, безбеден и економичен дом и по егзотичното, далечно патување на Куба, што се надоврзува на доделениот дијаманстки прстен, Винскиот викенд и вредната награда автомобил Мазда CX-3 што на крајот од годинава ќе ја добие најсреќниот купувач на стан или деловен простор во објектот Адора Flatiron Скопје.

ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНАТА ИГРА АДОРА ВЕ НОСИ НА ЕГЗОТИЧЕН ОДМОР НА КУБА

nagradna-igra-adora-odmor-na-kuba