Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Новости

02/05/2018

Првомајскиот продолжен празничен викенд кој илјадници туристи од целиот свет донесе во Рим, долго ќе го паметат среќните купувачи на Адора, кои уживаа во убавините на вечниот град, со патување-подарок од компанијата.
Група од 12 купувачи кои во овој градежен бренд нов дом избраа во февруари, по повод Денот на вљубените, беа наградени со незборавна посета на Рим, каде тие допатуваа со авион, на четиридневен престој во хотел, со водич од Македонија, обезбедено од Адора. Овие среќни купувачи, кои шетаа низ древнит град облеан со сонце, заедно со огромен број гости од сите меридијани, со себе понесоа прекрасни спомени од Колосеумот, Ватикан, плоштадот Венеција, расцветаните Шпански скали, фрлената паричка за среќа во Фонтана ди Треви и другите славни плоштади, фонтани, ресторани и улици, а пред сѐ од забавната дружба со пријателското семејство Адора и македонските туристи во Рим.
Рим, градот каде водат сите патишта, познат по роматиката, музиката, убавата храна и вечната љубов, наградените купувачи на Адора ќе го сместат во убавите чувства со кои тие го оформуваат амбиентот во новиот дом, кој сигурно ќе биде во духот на слоганот на компанијата „Со Адора најмногу љубов и уживање на m²“.
На досегашните купувачи на нов дом во Адора им честитаме на изборот, им благодариме на довербата и им посакуваме среќно домување, а идните купувачи ги потсетуваме дека Адора секогаш нуди повеќе од дом и за нив подготвува нови изненадувања и награди!