Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

30/09/2017

Фирмата ТРИКОМ МК ДООЕЛ Скопје, застапувана од основачот и управител Јана Аневска, купувач на стан во објектот Адора Diamond Garden во Карпош, Скопје е добитник на наградното патување за двајца на Куба, за што извлекувањето беше денес во просториите на Адора инженеринг. Семејството Аневски, односно нивната фирма ТРИКОМ МК, ја имаше среќата да биде  извлечено од сите купувачи на стан и деловен простор во објектите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden во периодот на наградната игра „Адора Ве носи на егзотичен одмор на Куба“, од 14-ти јули до 30-ти септември годинава, од страна на менаџерот за недвижности Катерина Коршул, во присуство на комисија од вработените во Адора инженеринг и нотар. Аневски, видно изненадени, при соопшувањето и честитките за добиеното наградно патување на Куба изјавија дека се многу среќни со оваа атрактивна награда што им ја донесе станот купен од Адора инженеринг, како резултат на нивната голема доверба во овој градежен бренд“. „Незаборавниот одмор и спомените од Куба нека им донесе многу здравје, радост, среќа, бериќет и пријатни мигови во новиот дом на Аневски“.- посака менаџерот за продажба Коршул со надеж дека во иднина и многу други купувачи ќе ја почувствуваат среќата со наградите на Адора.

Наградата заедно со ваучерот за патувањето на Куба за двајца, што ќе се реализира од 1-ви до 13-ти ноември со организиран аранжман од Скопје на туристичката агенција Атлантис, на Јана Аневска ќе ѝ биде врачена идната недела. Со наградата „Егзотичен одмор на најубавиот карипски остров Куба“,  Адора инженеринг сака на купувачите да им возврати за нивната доверба во овој градежен бренд, при носењето одлука за нов дом, како една од најважните инвестиции во животот. Адора инженеринг која годинава одбележува 15 годишен јубилеј од постоењето, традиционално има изненадувања, подароци и награди за купувачите, кои со далечните и романтични патувања, платеното образование, опремување на станот, автомобилите и други награди, од оваа компанија секогаш добиваат многу повеќе од ДОМ.

 

dsc_2801

 

dsc_2832

 

dsc_2825