Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

11/10/2017

Адора инженеринг на граѓаните на Македонија им го честита државниот празник  11-ти Октомври, Денот на востанието, симбол на македонската борба за слобода.  На одбележувањето на 76 годишнината од историскиот ден кога започна антифашистичката борба во Македонија, да им оддадеме заслужена почит и благодарност на сите храбри борци и учесници во народно-ослободителното востание кои се вградиле во темелите на македонската државност. Оваа антифашистика народно-ослободителна борба својот врв го достигна во 1944-тата година, кога на првото заседание на АСНОМ започна остварувањето на повеќевековните идеали на македонскиот народ за основање своја држава. Славејќи ја сопствената историја и чувајќи ја слободата, ние современите генерации македонци, ова наше востание го ставаме на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за слободната, самостојна, независна и суверена Република Македонија.

Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.

11ti-oktomvri