Адора Diаmond Garden
Адора Flatiron Скопје
Сакам да купам СТАН

Новости

06/07/2017

Подобрување на економскиот амбиент, остварување на поголем економски раст чиј креатор ќе биде приватниот сектор, а не државата, отворање на поголем број работни места, транспарентна комуникација меѓу стопанството и владата, побараа бизнисмените од премиерот Зоран Заев и економските министри на средбата во Стопанската комора на Македонија. Над 200 стопанственици имаа можност на едно место да се видат, да разговараат, да разменат мислења.  Генералниот директор на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец, во разговор со бизнисмените, премиерот Зоран Заев, министрите во Владата и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, посочи дека ваков тип на средби треба редовно да се одржуваат, за да можат бизнисмените да дадат конкретни предлози кои ќе водат кон подобрување на деловниот амбиент.

Стопанствениците на првата средба со премиерот и министрите побараа администрацијата побрзо да ги решава нивните предмети, транспарентност при продажбата на државно градежно земјиште, укинување на ДДВ за увоз на опрема за производство, евтина струја за малите бизниси.

Премиерот Зоран Заев, покажа подготвеност за соработка со бизнис секторот за заедничко креирање на политиките и изградба на солидарно општество. „Имаме амбициозни и добро мотивирани министри, економските ресори во Владата функционираат беспрекорно, голема е желбата да бидеме сервис на бизнисот и на граѓаните. Ќе поттикнувам и очекувам критики, предлози и сугестии до власта во насока на што подобра, развиена и конкурентна економија“, истакна премиерот  Зоран Заев. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев ги презентира приоритетите на економскиот тим на владата – стимулирање на извозот, изедначување на странските и домашните инвеститори, реформи во електроенергетскиот систм и инвестиции во инфраструктурата.

1-2

nova-slika-za-veb-zaev nova-slika-za-veb-zaev-2