НОВОСТИ

НОВОСТИ

Адора инженеринг се претстави на саемот „Денови на зелени работни места и еколошко образование“ во Скопје

Адора инженеринг се претстави на саемот „Денови на зелени работни места и еколошко образование“ во Скопје

Адора инженеринг се претстави на вториот ден од саемот „Деновите на зелени работни места и еколошко образование“, што здружението Гоу Грин за одржлив развој и заштита на животната средина, во соработка со Конрад Аденауер Фондацијата, трета година по ред го  организира како дел од Европската недела на одржлива енергија во Скопје. Со предавањето на тема  „Искуси што значи да работиш на зелено работно место“, што предизвика голем интерес,  дипломираниот инженер-архитект Ивана Бајкова Шаља, обучувач за енергетска ефикасност, дел од стручниот тим на Адора инженеринг, овој градежен бренд денес учествуваше на работилницата што се одржа на  теми од областа на градежништвото, одржливата архитектура и енергетската ефикасност. Програмата на тридневниот саем кој започна вчера има цел да им ги доближи академските и професионалните можности на младите луѓе (средношколци и студенти) од сферата на чистата енергија, односно обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Саемот  се фокусира на темите зелена економија и зелени работни места, вештините, знаењата и способностите кои се потребни за придонес кон развој на зелениот светски тренд, реалната понуда на еколошко образование и зелените работни места во Македонија и регионот. image-0.02.01.1b5e7e9767e77caa62cdd8dcaab6eea478153f116fa4f2cd60e33904ece71e75-V image-0.02.01.27e8d45a98a7611d51180865aacff3f97f87108a44757bbaa050549525be82dc-V image-0.02.01.389e418d7b202d9f4facc2a200bb31a04bf1167725170db8198461dbf9c963d4-V image-0.02.01.dab94823ebd7d0ffcaec169f37e2ff7cac6a43b6756e127cd2cab32a2781ae6d-V

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ