Компанијата Адора инженеринг која првата половина од 2015 ја бележи со значителен пораст на продажбата на станови, ќе го памети вчерашниот ден по рекордната бројка на 8 продадени елитни станбени единици за само еден ден. Вредниот менаџерски тим на овој градежен лидер, на чело со генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, создава историја во македонското градежништво- висока градба, по изградбата и продажбата на елитните деловно-станбени објекти за кои заинтересираноста е се поголема. Кога се купува стан, купувачот секогаш го бара најдобриот производ на пазарот. Становите на Адора инженеринг освен што гарантираат квалитет и стабилност, тие се и енергетски ефикасни од високата А класа, што значи до 6 пати намалена потрошувачка на енергија за греење и ладење. Освен тоа секој станбен објект на Адора инженеринг е со модерни паркиралишта на две нивоа, а просторот околу нив е уреден и хортикултурно оплеменет. Оваа лето, купете стан во Скопје или Охрид и станете дел од големото семејство на Адора инженеринг, инвестирајќи во еко дом за Вас и вашите најмили, овозможувајќи долгорочно сигурно, економично и среќно домување за повеќе генерации.