НОВОСТИ

НОВОСТИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани купувачи на станови и деловни простории во објектите на Адора инженеринг. Менаџментот на Адора инженеринг на чело со генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ја известува јавноста дека после силниот земјотрес кој го зафати главниот град Скопје и околината, во ниту еден објект на Адора инженеринг нема оштетување на армирано-бетонскиот и ѕидарски конструктивен систем, што е од големо значење за земјотреси од овој тип. При вакви земјотреси со вертикални и хоризонтални движења, нормално е да се случат помали прслини на завршната обработка на ѕидовите. Адора инженериг за 14 години професионална работа, изгради 2600 високо квалитетни домови, а од вибрациите на вчерашниот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, во два стана се случи откачување на бојлер, што преставува минорна штета за ваков силен удар, за што тимот на Адора веднаш реагираше.

Одговорно и совесно тврдиме дека при земјотреси со ваков или поголем интензитет, Вашите домови се безбедни и сигурни. Може да се случат минорни оштетувања кои се јавуваат најчесто на завршната обработка (глетување на ѕидовите, помали места на ѕидаријата, на спојувањето на гипс картоните и тн.) за кои тимот на Адора инженеринг Ви стои на располагање за интервенција во секое време. Адора инженеринг е прва и единствена компанија која асеизмичната стабилност на станбените објекти научно и практично ја докажува со тест-вештачки земјотрес, заедно со реномираниот Институт за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС- Скопје. Врвната стабилност на објектите се должи на вградување на материјали повеќе од изработениот проект и законската регулатива, како што се цврстината на бетонот, повеќе вградено железо и поставување на либажни слоеви на ѕидаријата, согласно европските и светските стандарди.

Вградените бетони се со цврстина на МБ од 35-50 и со вградено железо над 100 кг во вграден метар кубен бетон, со што се гарантира надпросечна цврста армирано- бетонска констукција, високобезбеден објект и сигурност за станарите. За секоја зграда се изработува посебен елаборат со кој се потврдува нејзината стабилност и сигурност. Објектите на Адора инженеринг се изградени со темелни армирано-бетонски плочи, на претходно утврдени мерења на геомеханичка стабилност, измерена од компетентни стручни лица. Отворени сме за меѓусебна комуникација, споделување на корисни информации, консултација и  советување, со надеж дека нема да се случат изразено силни потреси. Ви благодариме на довербата.

Со почит

Тимот на Адора инженеринг

onlineimageresize_com_Backlightsovgradenbetonnovo1

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ