НОВОСТИ

НОВОСТИ

МАНУ ПО ПОВОД 50 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО МУ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦА НА ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ И АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

МАНУ ПО ПОВОД 50 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО МУ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦА НА ПРОФ. Д-Р. ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ И АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

obrabotena-direktorМакедонската академија на науките и уметностите по повод 50- годишнината од основањето му додели благодарница на проф. д-р. Ванчо Чифлиганец и на компанијата Адора инженеринг, за плодната соработка. На свеченоста што се одржа во МАНУ, а на која свои обраќања имаа претседатели и високи претставници на академиите на науките од регионот и Европа, благодарници им беа доделени на значајни личности, институции и компании од Македонија,  за  успешната соработка со највисоката научна институција. Големиот јубилеј беше одбележан и со свечена академија во Македонската опера и балет, на која претседателот на МАНУ, Таки Фити, порача дека развојната траекторија на највисоката научна институција во Република  Македонија потврдува дека уште од првите декади на формирањето, Академијата е темелник на македонската наука, јазик, култура, историја и стожер на симболите на државноста. МАНУ е основана на 23-ти февруари 1967-ма година, а нејзин прв претседател беше Блаже Конески. Првата конститутивна седница била оджана на 9-ти октомври 1967-ма година. Градежната компанија Адора инженеринг, на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Таки Фити, на академиците и на членовите, им го честита златниот јубилеј. Тој е вистински повод да им се оддаде благодарност, признание и почит на сите научни авторитети кои дале придонес и оставиле свој печат во конституирањето, развојот и афирмацијата на македонската наука и да посакаме највисоката научна институција да биде носител на економски раст и сеопшт напредок, на изградба на здраво општество и попросперитетна држава, со која ќе се гордееме сите. obrabotena-blagodarnica svecenost-vo-manu svecenost-manu-2 svecena-akademija  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ