НОВОСТИ

НОВОСТИ

СЕ ИЗДИГНУВА ОБЈЕКТОТ АДОРА DIAMOND GARDEN ВО СКОПСКИ КАРПОШ

СЕ ИЗДИГНУВА ОБЈЕКТОТ АДОРА DIAMOND GARDEN ВО СКОПСКИ КАРПОШ

Брзо и квалитетно напредува изградбата на Адора Diamond Garden во скопски Карпош, Тафталиџе, каде девет дена по темелната плоча е бетонирана плочата на приземје, на „нултата кота“. Тимот вредни и искусни градежни работници на овој потврден градежен бренд, под будните очи на инженерско-надзорниот тим, поставија плоча со дебелина од 22 cm, во која вградија 450 м³ бетон, марка бетон 35 и 60 тони железо, што гарантира врвна асеизмичка стабилност на објектот и безбеден сон на станарите. Уникатната Дијамантска градина на Адора, со два атриуми, два влеза, 4 лифтови, 7 станови на кат и изобилство на природна светлина и свеж воздух, според утврдената динамика треба да ја добие последната плоча во текот на ноември годинава. Овој елитен станбено-деловен објект, кој го воведува зеленото домување во Македонија, се гради на атрактивна локација во скопски Карпош, на улица Московска, меѓу Студентскиот дом Гоце Делчев и пазарот Тафталиџе. Дијамантската градина на Адора ќе понуди висококвалитетни станови со површина од 30 до 165 м² и ексклузивни деловни простории од 50 до 1.100 м², со можност за спојување Комплексот Адора Diamond Garden, заедно со Адора Flatiron Скопје е добитник на престижната светска награда The Bizz 2016-та во Монте Карло, за иновативност во стилот и квалитетот во домувањето, нудејќи им топлински, светлосен и звучен комфор на станарите, според светските стандарди и современи трендови. image-0-02-05-c07c4c1d178502fb4414af373bb8028c3045163edb99d6d55759c7b1446ec266-V image-0-02-05-804290104944cdea9d8aa869d12cd68de003b17cd9941298d5eb6985f1c218d8-V Fotomontaza 14.07.2016 Diamond Garden

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ