Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Новости

17/05/2018

 Градежниот бренд Адора инженеринг е на 23 место по успешност во 2017 година, со што оваа компанија по шести пат се вброи меѓу 25 најуспешни компании и по 13 пат во континуитет е меѓу 200 најуспешни компании во Македонија, според рангирањето на Централниот Регистар.

Позиционирањето на 23 место на Адора инженеринг меѓу 200 најуспешни  компании во Македонија, е според остварените финансиски резултати, врз основа на анализите на поднесените завршни сметки на компаниите за 2017 година во Централниот Регистар на Република Македонија.

Резултатите и високата рангираност на 23 позиција за 2017, кога компанијата по шести пат се најде меѓу 25 најуспешни компании во Македонија, според генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, се само потврда за визијата, посветеноста и квалитетот на водењето бизнис од страна целиот менаџерски, стручен и градителски тим на Адора инженеринг.

Врвното место во градежниот сектор и впечатливото место во економијата на Република Македонија, Адора инженеринг го постигна благодарение на довербата од страна на купувачите на квалитетни недвижности, стекната во текот на 16 годишното работење на компанијата. Овој градежен бренд е лидер во високата градба и предводник во подигнувањето на стандардите за изградба на станбено-деловни објекти со врвна сеизмичка стабилност, енергетска ефикасност А-класа, квалитет по светски стандарди, комфор и сите други аспекти на современото урбано домување, по мерка на купувачите.

„Само со знаење, визија, труд и пожртвуваност во работата се постигнува успех, од кој благодет има и економијата на Република Македонија“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, компанија препознатлива и по традиционалната општествена одговорност и филантропија, чии успеси се потврдени со четири интернационални и со 30-тина национални признанија.