НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ПРОДАДЕ 170 СТАНОВИ СО ВКУПНА ПОВРШИНА ОД 10.000 M² ВО ПРВИТЕ 5 МЕСЕЦИ ОД 2018

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ПРОДАДЕ 170 СТАНОВИ СО ВКУПНА ПОВРШИНА ОД 10.000 M² ВО ПРВИТЕ 5 МЕСЕЦИ ОД 2018

Во првото петмесечје од годинава, заклучно со мај, во Адора инженеринг се продадени 170 станови со вкупна површина од 10.000 m², 100 паркиралишта и деловен простор со вкупна површина од 700 m², со што градежниот бренд го натфрли планот за овој период од 2018-та. „За квалитетни станови секогаш има побарувачка. Изминативе неколку месеци имаме одлична продажба, затоа што ја пуштивме извонредната зграда Адора Flatiron во централното подрачје на Скопје, а наскоро ќе ја пуштиме и Адора Diamond Garden во Тафталиџе, кај којашто исто како и оваа првата, 90% од становите се веќе продадени. И со двете згради ги подигаме стандардите на градењето во државава на доста повисоко ниво“, вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален менаџер на Адора инженеринг. Овој градежен бренд предводник во високата градба во Македонија, продолжува со инвестициите и понатаму. Следи изградбата на новиот станбен објект „Аеродром Црква 3“, во рамки на комплексот енергетски ефикасни згради А-класа на Адора инженеринг на почетокот од општина Аеродром. И за овој објект постои голем интерес и во рекордно време се продадени 65% од становите во темели. „Јас сум умерен оптимист што се однесува до натамошен раст на пазарот за станови. Пазарот созреа и ние како компанија имавме влијание во тоа. Со круната на нашето работење, Адора Flatiron, и еве сега Адора Diamond Garden, луѓето веќе ќе знаат што значат врвни објекти за домување. Тие што не работат сериозно, полека ќе отпаѓаат од бизнисот. Нашата најголема сила е што градиме по сите светски стандарди, но по прифатливи македонски цени“, вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец во изјава за специлајниот прилог Недвижнини во најновото издание на угледниот бизнис магазин Капитал, каде генералниот менаџер на компанијата лидер во високата градба во Македонија, во мега интервју отворено зборува на повеќе актуелни теми: Што стои зад 16 годишната успешна македонска градителска приказна Адора инженеринг, зошто неговиот најнов предизвик е финансискиот сектор и акционерството во Комерцијална банка, зошто неговата единствена партија се знаењето, пожртвуваната работа и бизнисот, како тој ја доживува филантропијата и што треба да направиме сите заедно, за да изградиме побогата и посреќна Република Македонија. Прочитајте го интервјуто во Капитал со проф. д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик и генерален менаџер на Адора инженеринг со клик на насловот: Лидер на успешниот бизнис, менаџер, поранешен политичар, спортист и хуманист – во сите времиња  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ