Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Новости

17/07/2018

Насмевки, возбуда, задоволни и среќни лица на првите станари кои денес ги добија клучевите од нивниот нов дом во атрактивниот комплекс Diamond Garden by Adora во Тафталиџе, Карпош, Скопје. Купувачите кои избрале дом во Дијамантската градина на Адора, денес од менаџерите за продажба ги добија клучевите и кутиите со симболични подароци, Упатство за квалитетно домување со корисни информациии, препораки и совети, ги примија нивните станови и станаа први жители во овој комплекс. Со овој последен чин во купопродажбата на недвижноста, Diamond Garden by Adora почнува да живее со своите жители, кои ќе ги уживаат најновите придобивки на зеленото домување како светски тренд, според  последните стандарди на урбаната архитектура.

Уникатноста на овој ексклузивен станбено-деловен комплекс е што зелено-сините нијанси на смарагдот и структуралната фасада налик на скапоцениот дијамант од надворешноста, се надополнува со најголемата внатрешна градина во Југоисточна Европа со декор од 5,5 тони зеленило, што ги исполнуваат сите хоризонтални нивоа и целата вертикална висина во двата атриуми.  Објектот со атрибути на вистинска урбана оаза за квалитетно и релаксирано домување, го воведе Boutique Real Estate концептот во Македонија, што веќе е препознаено во светски рамки.

Адора инженеринг на првите станари на Дијамантската градина им честита на новиот дом, им благодари на довербата и им посакува пријатно домување, исполнето со среќа, здравје, љубов, бериќет и хармонија од убавини.