Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Новости

04/11/2018

Во православниот храм Свети Јован Крстител во општина Аеродром, Скопје, според црковните традиции и обичаи, во присуство на ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец со семејството, верници и гости, поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан денес ја освети и предаде во употреба новата крстилница. Со крстилницата, подигната, живописана и опремена во стилот на црквата Свети Јован Крстител, архитектонски и религиозно, се заокружи комплексот со објект каде православните верници ќе ја примаат темелната тајна на Светата црква со светотото крштевање, станувајќи христијани, полноправни членови на православната црква.

„Со чинот на осветувањето на оваа прекрасна крстилница од ктиторското дело на г-дин Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг во комплексот Свети Јован Крстител се заокружи материјалниот дел, а со кршевањата ја започнуваме духовната градба, градбата на духовната црка за нашиот народ, каде од денес па натаму секоја крштевка ќе може да се извршува. Семејството Чифлиганец го даде највредното за својот народ и за својата црква, со овој неповторлив дар, градејќи Божји дом за сите нас, украс на Ново Лисиче и на Скопје. Посакуваме да продолжат ваквите дела кои остануваат за идните генерации. Благодарност до ктиторот од името на сите оние кои доаѓаат во овој храм на молитва и на духовен мир и од името на сите кои со крштевањето во нова крстилница ќе станат членови на нашата света црка и на црквата Христова“. – порача Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

„Денеска го комплетиравме православниот храм Свети Јован Крстител покрај македонскиот Јордан, реката Вардар каде имаме црква за венчавки, камбанарија и уреден двор, а сега и крстилница да се крстат новореднчињата кои со светото крштевање  вистински се раѓаат во верата христова. Им благодарам на сите добронамерни луѓе кои во животот ми даваа енергија да можам да помагам и да го споделувам со сите тоа што ми е дадено од Бога. За мене вистински верник е оној кој кога може, им помага на луѓето, што е и вистински христијански чин, со кој се одликуваат филантропите. Во животот колку повеќе сум создавал, толку сум споделувал со другите, сфаќајќи дека духовното е секогаш над материјалното, и е тоа што треба да не води низ животот и да не прави почовечни и подобри луѓе“. – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ктитор на православниот храм Свети Јован Крстител во Општина Аеродром, Скопје, кој во 2014 година беше осветен и подарен на Македонската православна црква и на македонскиот православен народ.