Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Новости

15/10/2018

Микроклиматските параметри во двата атриуми во објектот Адора Diamond Garden, преку измерената температура, релативната влажност, брзината на струење на воздухот и топлинското зрачење, се со оптимални вредности во препорачаните граници. Ова го потврдија параметрите од неодамнешното испитување на квалитетот на воздухот и амбиентот во внатрешноста на Дијамантската градина на Адора, од страна на теренската лабораторија за животна и работна средина и електронска микроскопија на реномираниот Факултет за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Измерените вредности на 9 мерни места на различни висински точки во двата атриуми во внатрешната градина на станбено-деловниот објект Адора Diamond Garden, покажаа препорачани просечни вредности на термален комфор, релативна влажност на воздухот од 43 до 50 % и оптимални микроклиматски параметри, согласно меѓународните ISO стандарди. Резултатите од испитувањето, за што Адора инженеринг доби детален извештај со потпис од авторитетни академски професори на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се научна потврда за одличното ниво на квалитетот на воздухот и одличниот амбиентален комфор во најголемата внатрешна градина за зелено домување во Европа. Испитувањето извршено со современи мерни инструменти од страна на највисоко квалификуван научен кадар, потврди дека уникатната Дијамантска градина на Адора во Тафталиџе, Скопје, во внатрешноста крие одличен микроклиматски амбиент, декориоран со 5,5 тони зеленило од природно потекло низ целата висина и сите хоризонтални нивоа на зградата. Објектот кој на станарите им обезбедува релаксирано зелено домување, со изобилство природна светлина, свеж воздух и покрив со поглед на природно небо од двата атриуми, сега со потврдено идеални услови за опстанок на растенијата и за живот на станарите, е добитник и на наградата од Светската маркетинг организација за воведување на Boutique концептот на домување во југоисточна Европа.