Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Новости

19/10/2018

Сите купувачи на дом во новиот маркантен објект Адора Flatiron Скопје, во периодот од 22 до 31 октомври, по повод Саемот за градежништво и недвижности Realexpo 2018, од Адора инженеринг ќе добијат подарок, комплетно опремена модерна кујна и целосно решение за внатрешното уредување на станот од архитект во компанијата.

Купувачите на дом во Адора Flatiron, со уплатено учество од 15 % и склучен преддоговор за купување на станот, ќе добијат кујна по нивна желба, бирајќи боја и материјал по свој вкус, иверица или медијапан, со сите апарати опремување од реномираната марка „Електролукс“. Дополнително, специјален саемски подарок од Адора инженеринг годинава е комплетно изготвено 3Д решение за внатрешното уредување на купен стан во Адора Flatiron од дипломираниот архитект Ирена Граорковска, што своите визионерски (креативни) архитектонски идеи ги развива и реализира во праксата со поддршка на компанијата како и многу млади образовани и амбиционзи луѓе од други професии.

Адора инженеринг традиционално и годинава ќе се претстави на оригинално дизајниран штанд на Саемот за градежништво и Realexpo 2018, кој ќе се одржи во монтажните хали на паркингот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од 24 до 28 октомври и ќе биде отворен за посетителите од 10 до 18 часот. Градежната компанија што 16 години е предводник во високоградбата во Македонија и лидер во примена на иновациите и современите светски стандарди во домувањето, со виското ниво на квалитет, стил и дизајн на објектите за домување, секогаш има изненадувања и награди за своите купувачи, со перманентна грижа и посветеност, за возврат на нивата доверба.