Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Uncategorized @mk

24/10/2018

Со оригинален бутик штанд во стилот на зеленото домување во Diamond Garden, најголемата градина за внатрешно домување во Европа со 5,5 тони зеленило од природно потекло и подарок, комплетно опремена кујна со целосно архитектонско решение за внатрешното уредување со секој купен дом во објектот Flatiron, градежната компанија Адора инженеринг учествува на Саемот за недвижности Realexpo 2018 во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Градежниот бренд, што 16 години е предводник во високата градба во Македонија, пред посетителите на саемот се претставува со дел од екстериерните и ентериерни аспекти во своите најнови објекти Адора Flatiron и Дијамантската градина во Скопје, кои ставија силен урбан печат на современо Скопје, во периодот меѓу две саемски манифестации. Компанијата која на купувачите секогаш им нуди повеќе од дом, со секој купен стан во Flatiron, по повод саемот, подарува комплетно опремена, модерна кујна, со бренд апарати од бела техника и целосно 3Д решение за внатрешното уредување на новиот дом.

Во Адора инженеринг, што 16 години е предводник во високата градба, а минатата година се рангира на 23-то место по успешност во Македонија, се оптимисти дека ќе се подобри економската клима за поуспешен бизнис.

„Цените и побарувачката на недвижностите се стабилни, барем кај нас, во Адора. Цените на станбен м² не можат да бидат пониски од моменталното ниво, бидејќи се соочуваме со константен пораст на цените и квалитетот на материјалите што ги вградуваме. Адора инженеринг минатата година ја заврши релативно добро, годинава ќе имаме мал раст благодарение на завршувањето на двата капитални објекти Flatiron и Diamond Garden, но со влезот на Македонија во НАТО, очекуваме подобрување на економската и бизнис клима во државата и зголемување на вредноста на недвижностите. Тоа нам како работодавачи ќе ни овозможи исплата на повисоки плати со цел да ги задржиме човечките ресурси во Македонија,што моментално претставува значителен проблем. Адор и натаму има силни намери да продолжи со големи и значајни инвестициски проекти, давајќи придонес во македонското стопанство и уште повеќе да чекори на својот пат на прогресивно унапредување на квалитетот, стилот и сите други аспекти во високоградбата“.- порача Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг, што најави реализација на нов ултрамодерен комплекс, според најновите трендови во светот.

Саемот Realexpo 2018 е отворен од 10 до 19 часот, до недела, 28 октомври, а саемските подароци на Адора инженеринг важат до крајот на месецов.