Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Новости

31/08/2018

Адора инженеринг од Светската маркетинг организација, во Амстердам е наградена со златен медал за квалитет, за воведување на Boutique Real Estate концептот во Југоисточна Европа. Петтата интернационална награда, овој градежен бренд ја доби за Адора Diamond Garden, најновиот станбено-деловен комплекс во Скопје, кој со 5,5 тони зеленило е најголемата внатрешна градина за урбано домување во Европа.

На 20-тата годишнина на Светската маркетинг организација, на свеченоста изминатиот викенд во Амстердам, во присуство на претставници на 30 компании од светот, наградата за Адора инженеринг ја прими заменик генералниот директор Душко Чифлиганец. Заблагодарувајќи се за меѓународната валоризација на посветеноста кон совршенството во работата, тој порача дека наградата, на 16 роденден на компанијата е вистински мотив за идните потфати, по 50 успешно реализирани проекти со вкупен економски обрт од 400 милиони евра, за лидерот во високоградбата кој го изгради првиот енергетски ефикасен објект А-класа, го реализира првиот вештачки земјотрес на станбен објект во Македонија, воведе звучна изолација 80 % над македонските стандарди.

„Оваа награда претставува признание за нашата најнова градба наречена Дијамантска градина на Адора. Diamond Garden е главно станбен објект, што го  воведе концептот на зеленото домување во Македонија. Овој објект, покрај стандардизираните карактеристики на извонреден квалитет што Адора го нуди како задолжителен елемент во сите наши проекти, далеку ги надминува аспектите на повисок квалитет на живеење и дизајн. Во Diamond Garden има два атриуми, кои служат како извор на свеж воздух и природна светлина во ентериерот на објектот. Она што драстично го издвојува ова здание од просечните објекти е тоа што атриумите се декорирани со повеќе од 5,5 тони зеленило, што заедно прави воодушевувачка вертикална и хоризонтална внатрешна градина. Всушност, официјално е потврдено дека тоа е најголемата внатрешна градина во Европа. Дополнително, има бесконечно многу ситни детали во ентериерот на зградата, како што се детското игралиште, бронзените украсни елементи, бакарната завршна обработка и најсовремените архитектурни дизајнерски форми. Сето ова заедно прави многу пријатна атмосфера, која значително придонесува за подобар квалитет на домување“, истакна по добивањето на наградата во Амстердам Душко Чифлиганец-Заменик генерален директор на Адора инженеринг и проект лидер на Адора Diamond Garden.

Меѓународната награда за воведување на Boutique Real Estate концептот во Југоисточна Европа, за најновиот, уникатен станбено-деловен комплекс Дијамантска градина на Адора во Тафталиџе, Скопје, дојде непосредно пред отворањето на објектот, на 28 август, празникот Голема Богородица и 16  роденден на градежната компанија Адора инженеринг.

 

Погледнете видео од доделувањето на наградата