НОВОСТИ

НОВОСТИ

СТАВЕНА ТЕМЕЛНА ПЛОЧА НА НОВИОТ СТАНБЕН ОБЈЕКТ „ЦРКВА 3“ ВО АЕРОДРОМ

СТАВЕНА ТЕМЕЛНА ПЛОЧА НА НОВИОТ СТАНБЕН ОБЈЕКТ „ЦРКВА 3“ ВО АЕРОДРОМ

Во текот на минатиот викенд поставена е темелна плоча на најновиот енергетски ефикасен станбен објект „Црква 3“, што Адора инженеринг го гради на улица „Методија Шаторов Шарло, на почетокот на oпштина Аеродром, Скопје, во комплексот згради во близина на црквата Свети Илија. Во првата фаза на поставувањето темелна плоча на една ламела од објектот, вградени се 1.050 m³ бетон и 91 тон железо. Претходно, ископот на земјиштето е обезбеден со поставување на 77 шипови во јамата, поради висока безбедност на вработените при работата. Вградените бетон и железо во шиповите и во темелната плоча, се гаранција за безбеден објект со врвна сеизмичка стабилност за сигурно домување на станарите, што Адора инженеринг на своите објекти го докажува со тест вештачки земјотрес. На поставувањето на темелната плоча на објектот „Црква 3“ во Аеродром работеше високопрофесионален градителски тим од докажани градежни работници, армирачи и мајстори-неимари, предводени од високостручен, инженерски и раководен кадар на Адора инженеринг, под будното око на искусен надзор. Станбениот објект „Црква 3“ е проектиран на 10 ката, со два влеза, 174 енергетски ефикасни, функционални станови со површина од 31 m², 33, 40, 45, 52, 58, 62 и 72 m² и 4 модерни лифтови, по 2 лифта во секој влез. Ова е единствена станбена зграда каде има две рампи на паркиралиштата на двете подземни нивоа, една рампа за влез и излез и една за излез од подземните паркиралишта. За овој најнов објект што Адора инженеринг го гради во општина Аеродром, во близина на меѓународната автобуска и железничка станица во Скопје, има голем интерес и уште во темели се продадени 64 % од становите, кои на граѓаните ќе им овозможат квалитетно, комфорно и економично домување, според современите светски стандарди.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ