Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Новости

26/07/2018

По повод 55 годишнината од скопскиот земјотрес, во кој беа разурнати и оштетени 43.800 домови, 1.070 граѓани го загубија животот, над 4.000 беа повредени, а 200.000 луѓе останаа без покрив над главата, им оддаваме почит на жртвите и посакуваме никогаш да не се повтори ваква катастрофа.
Адора инженеринг на 50 годишнината од скопскиот земјотрес, во јули 2013 година, го реализира првиот вештачки земјотрес на станбен објект во самостојна Република Македонија, редовна практика со што овој бренд ја потврдува врвната сеизмичка стабилност на своите објекти, како гаранција за стабилен дом и мирен сон на станарите, без страв од земјотреси.
Градењето домови е висок морален и одговорен чин за животот на повеќе генерации граѓани. Со градењето градби со геомеханичка, сеизмичка стабилност и врвна статика и со тестирањето на нивната цврстина со тест вештачки земјотрес, Адора инженеринг ја афирмира сеизмичката безбедност во градежниот сектор во Македонија, на Балканот, Европа и светот.