Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Новости

04/06/2018

Традиционално, Адора инженеринг го поддржа одржувањето и на вториот маратон Охрид ТрчаТ 2018, што вчера во нашиот најпознат туристички центар ги обедини спортот, дружењето и рекреацијата и потврди дека Охрид МојТ, Охрид СакаТ и Охрид ТрчаТ. Во трката, во која низ атрактивната патека од градскиот плоштат, езерскиот кеј, охридските улици и стариот град, учествуваа над илјада маратонци од десет држави, први стигнаа на целта кениецот Стенли Кипруто и македонката Андријана Поп Арсова. Најмногу алпауз добија лицата со посебни потреби и децата со ретки болести, кои беа прогласени за најдобар тим билдинг на охридскиот маратон.

Адора инженеринг, се претстави со свој штанд на манифестацијата и додели повеќе стотици  ладала на учесниците и присутните, за разладување на сончевото и топло време. Со поддршката на Охрид ТрчаТ, овој градежен бренд потврди дека како општествено одговорна компанија, секогаш во рамките на своите можности ги поддржува спортот и спортистите, со цел да придонесе во изградба на поздраво и посреќно општество.